Објавена публикацијата „Анализа на онлајн активноста на граѓанските организации во Република Македонија“
Во рамките на проектот „ Е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија“, финансиран од страна на програмата на Цивика Мобилитас, а спроведен од Здружението на за рамноправен развој „Решенија за развој“ беше објавена публикацијата со наслов: „ Анализа на онлајн активноста на граѓанските организации во Република Македонија“.
Истражувањето кое беше спроведено за потребите за изработка на публикацијата имаше за цел да го процени степенот и видот на онлајн активноста на граѓанските организации, односно, да се утврди колку граѓанските организации во Македонија користат Интернет алатки во реализацијата на своите цели, како и во меѓусебната комуникација и соработка, и во комункацијата со релевантни чинители и со јавноста. Проценката опфати вкупно 677 граѓанските организации од Македонија.
Публикацијата е достапна на следниот линк.


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46839](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/viber_image_2026-04-08_14-51-46-853-1-768x512.jpg)




