20180326 Sinata ptica vest

Oбука за правата на родитителите на деца со попреченост во Берово

Здравствени бенефиции што не функционираат во пракса, парцијално спроведени инклузивни политики во училиштата и ниска информираност за видовите на социјална заштита по навршената 26 година на лицата со попреченост – беа дел од темите на дискусијата на вчерашната обука „Информирај се за своите права“, што здружението „Сината птица“ ја одржа за родителите и претставници на институциите од Берово.


Во опуштена атмосфера, во просториите на општина Берово, обучувачката Милица Трпевска, и самата лице со попреченост, вешто и мотивирачки ги водеше пред се` родителите низ правните рамки и процедури за остварување на на нивните бенефиции од областа здравстото, образованието и социјалната заштита.
Брошурата што ја приготвивме и која е сублимат од од најпотребните информации во врска со правата на родителите/ старателите, како и самата обука од страна на присутните на беше високо оценета, како мошне корисна и применлива.
Дел од проблемите за кои зборуваа родителите, ќе бидат тема на разговор и на работната група во која ќе има претставници од родителите и институциите и која ќе се сретне на 30 март во Берово. Оваа група понатаму ќе ги приоретизира главните проблеми и потреби на родителите од оваа општина и ќе изготви акциски план за нивно решавање.
Обуките се дел од проектот „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка преку програмата Цивика Мобилитас.

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор