11 04 2017 Albiz vesti

Обука за комуникација

Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз успешно ја реализираше дводневната „Обука за комуникација“, одржана на 8 и 9 април 2017 година во просториите на националната библиотека „Св.Климент Охридски”.

Учесници беа ученици и студенти од 18 до 25 години, кои изразиле интерес да научат нешто повеќе за комуникациите. Обучувач беше Леонард Каја – професионалец во оваа област со богата биографија.

11 04 2017 Albiz vesti

Некои од дискутираните теми беа: вербалната и невербалната комуникација, стравот од грешките и глософобијата, јавен настап во медиумите, писмената комуникација, деловната и корпоративната комуникација.

На крајот, на учесниците им беа доделени сертификати кои ќе им ги збогатат нивните професионални биографии.

11 04 2017 Albiz vesti 1
Оваа обука е дел од едукативно-образовната платформа на фондацијата преку која им се овозможува на младите, особено студентите, да бидат поблиску до темите кои се актуелни во светот.
Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор