Nagrada NIKOLA MLADENOV Cover slika FINAL

Новинарски награди „НИКОЛА МЛАДЕНОВ 2020“

Во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на МИМ и воведувањето на новинарските награди за најдобра истражувачка сторија, Македонскиот институт за медиуми го редизајнираше концептот на наградите. Целта на МИМ е и потаму да ги поддржува и да ги наградува најдобрите истражувачки стории, истовремено отворајќи можност за поддршка и за афирмација и на други форми на новинарско изразување.

Од 2021 година, конкурсот ќе биде насловен „Новинарски награди НИКОЛА МЛАДЕНОВ“. Ќе се доделуваат три годишни награди, во следните категории:

  • Нajдобра истражувачка сторија
  • Најиновативен новинарски производ
  • Најдобра репортерска фотографија

На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери, кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.

Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2020 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во нашата земја.

Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу 3 различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози. Секој фоторепортер може да учествува со најмногу 3 фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција.

Како и досега, пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

Критериуми за избор

А. Наградата за најдобра истражувачка сторија ги поддржува и ги промовира сториите кои:

  • откриваат теми што се значајни за пошироката јавност, а се однесуваат на злоупотреба на моќта и прекршување на основните човекови права од институциите, на корупција и на организиран криминал;
  • демонстрираат темелно новинарско истражување, поткрепено со факти, докази и со изјави од повеќе релевантни извори и соговорници;
  • ја презентираат темата на разбирлив начин, преку оригинален новинарски стил на изразување;
  • настојуваат да иницираат институционално разрешување на незаконски дејства и на злоупотреби направени од поединци или институции;
  • се придржуваат до етичките и до професионалните стандарди.


Б. Наградата за најиновативен новинарски производ ги поттикнува и ги промовира новите форми на новинарско изразување,
каде што на креативен и иновативен начин се употребени информациско-комуникациските технологии, со цел сториите да допрат до граѓаните, да ги едуцираат и да ги поттикнат да се ангажираат во решавање важни прашања од јавен интерес. Особено се охрабруваат новинарски производи што:

  • успешно вклучуваат мултимедијални формати и креативни начини на раскажување/изразување (на пример, известување со користење мобилен телефон, вклучување аудио и видеоформати во текстот и сл.);
  • користат нови начини на досег до публиката или до различни сегменти од публиката (до различни возрасни групи, маргинализирани групи итн.);
  • користат нови начини/апликации за интеракција и за вклучување на публиката во изработката на сториите;
  • се придржуваат до етичките и до професионалните стандарди.

 
В. Наградата за најдобра репортерска фотографија ги наградува и ги промовира професионалните фоторепортери, кои:

  • пријавиле фотографии што се однесуваат на теми и на настани со новинарска тежина/значење што ја одбележале претходната (2020) година;
  • демонстрираат исклучителна креативност и естетски израз;
  • не користеле техники на визуелна манипулација при фотографирањето, освен корекција на форматот (crop), корекција на светлина, боја и контраст (основни панел алатки во Photoshop и LightRoom);
  • доставените фотографии да се во дигитален .jpg формат, со 300 dpi резолуција;
  • минималната резолуција на фотографијата да не е помала од 2.000 пиксели на подолгата страна;
  • содржат информации за метадата;
  • фотографијата мора да е авторско дело на пријавениот кандидат, а еден автор може да испрати најмногу до 3 фотографии.

 
На добитниците на наградите ќе им биде врачен сертификат и парична награда од 40.000 денари, поединечно.

Конкурсот е отворен до 31 март 2021.

Пријавите треба да се поднесуваат на novinarskinagradi@mim.org.mk со назнака: Пријава за новинарските награди „Никола Младенов 2020“.

Пријавата се состои од:

  • Пополнет формулар за соодветната категорија (достапни во прилог)
  • Фотографија (доколку се аплицира за Најдобра репортерска фотографија)

За дополнителни информации и прашања, контактирајте нѐ на: 3090 144 или преку е-пошта: novinarskinagradi@mim.org.mk

 

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор