[Aggregator] Downloaded image for imported item #44006

„Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата!“ работилница со млади

Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа работилница на тема „Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата“, дел од четвртата по ред месечна акција посветена на подигнување на еколошката свест и унапредување на практиките за одговорно управување со отпадот во локалната заедница.

На работилницата учествуваа 30тина млади од Прилеп и околните места кои на ваков начин имаа можност да го унапредат своето знаење и разбирање за процесите поврзани со селекцијата на отпад, да се разјаснат постојните модели што се применуваат во Општина Прилеп и да се поттикне активно учество на граѓаните во создавање поодржлив и поефикасен систем.

Обучувач на работилницата беше м-р Лилјана Пурдеска Силјаноска, помошник на директорот за односи со јавноста при ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, која преку детална и практично ориентирана презентација ги запозна присутните со концептот на примарна селекција на отпад на местото на создавање, како еден од клучните чекори кон намалување на количината на отпад што завршува на депонија.

Во текот на работилницата беа обработени повеќе тематски целини, меѓу кои:

  • што претставува отпад и зошто тој не треба да се третира како „ѓубре“, туку како ресурс;
  • видовите отпадни фракции и нивното правилно одвојување во домаќинствата;
  • разликата помеѓу сува и влажна фракција и значењето на нивното правилно одлагање;
  • улогата на граѓаните во целиот синџир на управување со отпадот;
  • важноста на навиките и одговорното однесување во секојдневието.

Посебен акцент беше ставен на практичните аспекти на селекцијата, со примери од реалната состојба во Прилеп, како и со осврт на искуства и добри практики од европски земји, особено од Шведска, кои служат како ориентација за долгорочен развој на локалниот систем за управување со отпад.

Преку интерактивен пристап, учесниците имаа можност да поставуваат прашања, да споделуваат лични искуства и да дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното селектирање на отпадот. Дискусијата покажа дека, покрај инфраструктурните предизвици, клучен фактор за успех е континуираната едукација и јакнењето на свеста дека секој поединец има улога и одговорност во заштитата на животната средина.

Во рамки на работилницата беше нагласено дека селекцијата на отпад не треба да се гледа како дополнителен товар за граѓаните, туку како инвестиција во почиста животна средина, подобар квалитет на живот и поздрава иднина за следните генерации. Беше истакнато и дека без соработка меѓу граѓаните, јавните претпријатија и локалната самоуправа, ниту еден систем не може да биде целосно функционален.

Работилницата заврши со јасни пораки за акција, при што учесниците беа охрабрени:

  • активно да ја применуваат селекцијата на отпад во своите домаќинства,
  • да бидат пример во својата заедница,
  • да се вклучуваат во идни едукативни активности и иницијативи поврзани со заштита на животната средина.

Отворена онлајн сесија во живо

Со цел да се овозможи пошироката јавност и следачите на социјалните мрежи на здружението да можат да се вклучат со поставување на прашања и предлози, беше реализирана и Facebook Live сесија, која овозможи директна комуникација помеѓу граѓаните и претставникот на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

За време на сесијата, граѓаните активно поставуваа прашања и споделуваа свои размислувања и предизвици поврзани со управувањето со отпадот во секојдневието. Меѓу клучните теми што беа отворени се најдоа:

  • Зошто е важно правилното селектирање на отпад?
    Беше нагласено дека селекцијата е основа за ефикасно управување со отпадот, намалување на количината што завршува на депонии и заштита на животната средина.
  • Како домаќинствата можат реално да го намалат отпадот, а не само да го селектираат?
    Се потенцираше значењето на превенцијата – рационална потрошувачка, повторна употреба и компостирање на биоразградливиот отпад.
  • Постоење на план и програма за едукација на населението
    Претставникот на ЈКП информираше за тековните и планираните активности за едукација, како и за потребата од континуирана соработка со граѓанскиот сектор.
  • Недостаток на контејнери за селекција по маала и згради, со посебен осврт на населбата Точила
    Беше истакнато дека ова е реален предизвик, кој е препознаен и за кој се планираат идни решенија во согласност со можностите и развојот на инфраструктурата.

Граѓаните, исто така, дадоа конкретни предлози, како потребата ЈКП „Комуналец“ да обезбеди бесплатни канти за селекција по домаќинства, со цел да се олесни правилното одлагање на отпадот.

Сесијата заврши со позитивни коментари и поддршка за иницијативата #ЗеленПеток и за работата на Здружението СТАНИЦА ПЕТ, при што беше истакната важноста од вакви отворени и транспарентни формати за градење доверба и заеднички решенија.

Настанот уште еднаш ја потврди важноста на #ЗеленПеток како иницијатива за информирање, дијалог и заедничко дејствување, при што работилницата претставуваше значаен чекор кон градење на одржливи навики и поголема еколошка одговорност во локалната заедница.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор