[Aggregator] Downloaded image for imported item #42355

НАСТАН ВО КРИВОГАШТАНИ ВО РАМКИТЕ НА „16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“

ТИ НЕ СИ БРОЈКА, ТИ СИ ПРОМЕНА!

На 28.11.2025 година во 14:30 часот, во Кривогаштани успешно реализиравме настан во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базираното и семејното насилство“. Настанот беше посветен на подигнување на јавната свест, зајакнување на заедницата и охрабрување на отворена дискусија за превенција и заштита од насилство.

Особена чест ни беше присуството на претставниците од СВР Битола – Отсекот за превенција, кои преку професионално и содржајно излагање ги претставија формите на насилство, механизмите за пријавување, институционалната поддршка и улогата на заедницата во спречувањето на насилството.

Информирање за начинот на пријавување и достапните механизими за заштита (каде и како може да се пријави случај). Јакнење на довребата меѓу граѓаните и институциите (институциите дека се достапни за поддршка). Информирање за начинот на пријавување и достапните механизими за заштита (каде и како може да се пријави случај). Јакнење на довребата меѓу граѓаните и институциите (институциите дека се достапни за поддршка).

Голема благодарност до претставниците од СВР БИТОЛ на Началничката на Отсекот за превенција Мирјана С. Недановска, Самостојна инспекторка Каролина Димеска, Самостојниот инспектор Ките Трајковски, Самостојниот инспектор Trajan Комициоски.

Благодарност упатуваме и до директорката на Основното училиште „Манчу Матак“  во Кривогаштани, која ја обезбеди просторијата за реализација на настанот.

Благодарност до сите присутни.

Заедно продолжуваме да градиме заедница во која нема место за насилство и во која секој е поддржан, слушнат и заштитен.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Скопје, во соработка со проектните партнери СЕКОГАШ СОЖИВОТ – с. Канатларци – Прилеп и ЗОК АДРИОН – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор