Наш подиум на МРТВ посветен на XXV Вардарската регата
На 3.7.2025 год. (четврток), во рамките на програма “Наш подиум“ на МРТВ, старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, имаше гостување во програмата на оваа телевизија, а поврзано со XXV Вардарска регата.

Во разговорот беше образложена програмата на Вардарската регата од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун.

Регата се реализираше од 19 до 24 јуни 2025 год.

Тука е целиот разговор: https://play.mrt.com.mk/play/586116
This post was originally published on this site