Mkd izvestaj bezcip 1 page 0001 naslovna.jpg

Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Република Северна Македонија (2021-2025), период на следење 2024 година

Исто така, пробациската служба е надлежна за изработка на извештаи за извршена проценка на ризик на обвинети лица во тек на судска постапка, со предлог за видот на кривичната санкција за
обвинетиот. Пробациската служба претставува суштински дел од системот на современата кривична правда и има за цел да придонесе за намалување на пренатрупноста во затворскиот систем, истовремено давајќи соодветни казни за прекршителите, предизвикувајќи ги да го променат нивниот начин на живот.

Во 2021 година беше изработена Стратегијата за развој на пробациска служба во РСМ 2021 – 2025 (во натамошниот текст: Стратегијата), која предвидува широк спектар на резултати што треба да се постигнат од страна на повеќе надлежни институции.

Стратегијата претставува еден сеопфатен стратешки документ кој дава патоказ за реформите што треба да се направат во наредниот период.

Целта на оваа анализа е да се испита подетално спроведувањето на Стратегијата и да се воспостави и спроведе независен систем на мониторинг. Самата пробација, всушност, значи воспоставување ефикасен систем на санкции и заштитни механизми што придонесуваат за намалување на криминалитетот, зголемување на заштитата на општеството и на јавната безбедност, како и за ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица.

Во 2024 година спроведувањето на Стратегијата предвидува изготвување и донесување прописи (закони, законски измени и други акти), спроведување на конкретни активности (на пример, зголемување на човечките и техничките капацитети на пробациската служба и сл.), како и меѓуинституционална соработка во полето на пробација (одржување на тркалезни маси со релевантни институции, квартални средби итн.).

Со Акцискиот план на Стратегијата за развој на пробациската служба во Република Северна Македонија се утврдени активностите во рамките на секоја цел и секој резултат утврдени со Стратегијата, а дополнително се утврдени и временска рамка и индикатори за нивно исполнување.

Во таа насока, целта на оваа анализа е да процени дали, во колкава мера и на кој начин се одвива примената на Стратегијата за периодот за кој е предвидена. Дополнително, анализата ќе оцени дали резултатите и активностите се спроведуваат навремено, во согласност со временската рамка, каков е нивниот квалитет и динамиката, како и меѓуинституционалната соработка во полето
на пробацијата. Од друга страна, ќе се анализира и влијанието на реформите врз почитување на човековите права, па во согласност со добиените резултати од мониторингот на Стратегијата, Анализата ќе понуди и заклучоци и препораки за натамошен развој на пробациската служба.

Набљудувањето, како независен систем за мониторинг, ќе придонесе за поголема отчетност на надлежните институции кои се одговорни за спроведување на конкретните активности утврдени во Стратегијата.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор