МЛАДИТЕ БАРААТ ПРИСТАП ДО КОНТРАЦЕПЦИЈА И УСЛУГИ ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ!

„Свет во кој сите жени, мажи и млади луѓе имаат пристап до информации и услуги кои им се потребни од областа на сексуалното и репродуктивното здравје; свет во кој сексуалноста се признава како природен и драгоцен аспект на животот и како фундаментално право; свет во кој изборот целосно се почитува и каде што нема место за стигма и дискриминација”

Со намера оваа визија да стане реалност, Meѓународната федерација за планирано родителство (МФПР) ја изработи Визија 2020, како манифест за сексуално и репродуктивно здравје и права. Документ кој ги поставува насоките и целите кон кои, сите ние кои работиме на ова поле, без разлика од кој сектор доаѓаме, треба да се стремиме за да ги оствариме до 2020. Со други зборови препораките од овој документ претставуваат опипливи насоки како политиките да се претворат во пракса.

ХЕРА секојдневно се залага за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на  сите граѓани. Затоа секоја година се придружува на глобалното одбележување на целите од Визија 2020.  Оваа година, на глобално ниво МФПР и сите нејзини организации членки, како ХЕРА, потсетуваат колку е важна употребата на контрацепција и колку е важно да се надминат предизвиците за пристап до истата.

По тој повод, ние, младите од ХЕРА подготвивме видео во кое претставивме дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат младите во  Македонија. Сакаме да ја потсетиме јавноста а особено новата Влада, дека Македонија е на дното на листата по употреба на контрацепција во Европа. Хламидијата е во постојан пораст и бројките се загрижувачки – од 0,4 во 2004 стапката на морбидитет пораснала на 29,4 во 2014. Само 1,6% на млади до 29 години користат орална контрацепција, а само 12,8% од паровите користат какво било модерно средство за контрацепција. Стапката на тинејџерска бременост, како и на абортуси, во оваа возрасна група е неколкупати повисока од онаа во ЕУ. Овие бројки можат да се намалат, но за тоа се потребни конкретни мерки од институциите.

Повеќе од јасно е дека причините за овие состојби се недоволната информираност за постојните методи на контрацепција, стравот и предрасудите за нивното дејство, отежнатиот пристап до контрацепција, недостигот од финансиски средства, стравот од осудувачкиот однос на медицинскиот персонал, како и недоволно фукционалните центри за јавно здравје во кои младите треба да се информираат за своето сексуално и репродуктивно здравје.

И уште еднаш би сакале да се потсетиме на препораките што ги донесе Комитетот на ОН за економски, социјални и културни права за Македонија во 2016 година:

  • Информациите за сексуално и репродуктивно здравје да бидат достапни за јавноста, најмногу за младите; да се подобри едукацијата во училиштата од областа на сексуалното и репродуктивното здравје – базирано на најнови информации, соодветно за возраста и базирано на почитување на човековите права
  • Модерната контрацепција да биде достапна и пристапна за сите, што значи и додавање на контрацептивните средства на позитивната листа на лекови опфатени од Фондот за здравствено осигурување.

Затоа, ние младите, од новата Влада,  бараме да го добиеме тоа што ни следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје!

Ние, младите, бараме орална контрацепција на позитивната листа и пристап до бесплатни кондоми!

Ние, младите, бараме сеопфатно сексуално образование во училиштата!

Ние, младите, бараме младински пријателски центри за сексуално и репродуктивно здравје!

 

ХЕРА Млади

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор