Monitoring of lsgus

Мерење на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во 2022

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project), почнувајќи од денес, 15 февруари 2022 година, започнува ново мерењa на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Квантум Прима – Кавадарци, Центар за интеркултурен дијалог- Куманово, Здружение Мултикултура – Тетово, Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Центар за социјални иновации Блинк 42-21 – Скопје, Локална агенција за развој – Струга, АГТИС Прилеп и Скај Плус Струмица ќе спроведе мониторинг на сите општини во нашата земја.

Мерењето на општините ќе се спроведува според Индексот на отвореност кој е композитен показател што го определува степенот на отвореност на институциите кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.

За да се измери степенот на институционалната отвореност, следејќи ги законските регулативи, меѓународните стандарди, препораки, како и добри практики, со Индексот на отвореност се мониторираат ЕЛС според посебни квантитативни и квалитативни показатели, кои се однесуваат на пристапот до информации на официјалните веб страни, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари итн.

По завршувањето на мерењето на отвореноста на општините, а врз основа на анализираните податоци, Фондацијата Метаморфозис ќе изработи документ за јавни политики, и ќе организира кампања за застапување со цел да се помогне на општините во унапредување на нивната отвореност кон граѓаните.

Продолжи со читање

  • Честит 8ми Март

    На ден пред меѓународниот ден на жената 8ми Март, на 7.3.2026 год. (сабота) извидниците од Велес изработија честитки кои ќе бидат доделени на своите мајки, баби и тетки, а и на сограѓанките на Велес. Со ова членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ке го честитаат празникот 8ми март…

  • 28 години братско живеење

    Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република…

  • Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

    Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

  • „Снаоѓање“ или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем

    Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Посилни системи, поправедна грижа: елиминација на корупцијата во здравството“. Целта на овој 18-месечен проект е да се идентификуваат проблеми со корупцијата во здравствениот систем на Северна Македонија и преку поттикнување поголема транспарентност, отчетност и родово чувствително управување да се унапреди еднаквиот пристап…

  • Повик за прибирање на понуди за сместување и одржување на обуки

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за ангажман на Експерт/Експертка за едукација на новинари и известување за корупцијата во здравството

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор