Меѓународен ден на руралната жена

Меѓународен ден на руралната жена

15 – октомври e Меѓународен ден на руралната жена. Оваа 2020 година се одбележува под мотото “Да се изгради отпор и надминување на кризата предизвикана од Ковид 19”, а во насока на градење на одржливи локални заедници.

Жените од руралните средини имаат клучна улога во земјоделско- прехранбениот сектор, исхраната, земјиштето, управувањето со природните ресурси, како и во развојот и диверзификацијата на производството во заедниците. Жените од руралните средини беа на првата линија во давањето на одговор на кризата и последиците предизвикани од Ковид 19 и покрај тоа што најголемиот дел од нивната работа е неплатена, односно жените во руралните средини, во просек работат околу 11 часа на ден, од кои 42% е неплатена работа, додека мажите работат 9,7 часа на ден платена работа.

Во текот на Ковид кризата, рестриктивните мерки и ограниченото движење жените од руралните средини беа едни од најранливите категории на граѓани, особено во делот на социјалната и здравствена заштита со оглед на тоа што најголем дел од нив влегуваат во делот на неформалната економија, односно само 38% се економски активни и регистрирани во системот на државата.

Освен прашањето за здравствената и социјална заштита на жената од руралните средини, поради неевидентирање на економската активност на жената во семејното земјоделско стопанство, таа нема платен стаж и можност за користење на пензија кога ќе бидат исполнети условите за тоа. 60% од жените во истражувањето немаат сопствено здравствено и пензиско осигурување иако активно придонесуваат во работата и економските приходи во домаќинството, вели Лилјана Jоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција. Дополнително, нивната економска ранливост како и родовиот јаз особено беа продлабочени како резултат на кризата, а психолошкиот притисок и обемот на обврските во домаќинството зголемен. Тука се наметнува дополнително и прашањето колку жената е вклучена во процесот на донесување на одлуки, како во домаќинството така и во заедницата.

Да се подобри квалитетот на живот на жените од руралните средини, со обезбедување на социјална и здравствена заштита на жените од руралните средини, како и пристап до здравствени и социјални услуги потребни за нејзиното непречено делување во локалната заедница е една од препораките кои што самите жени ја истакнаа во рамките на проектот “Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница”, кој што Рурална Коалиција го спроведува во партнерство со здружението на жени фармери “Моја Φарма” од Гостивар.

Со цел да се увидат потребите, но и предизвиците со кои што се справуваат жените во руралните средини особено во унапредувањето на нивната положба во руралните средини и економско зајакнување како дел од клучните фактори за создавање на одржливи рурални заедници, Рурална Коалиција создаде истражувачка новинарска сторија – “И таа е тука!”  каде што самите жени од руралните средини говорат за нивните животни приказни, а се промовира токму денес на одбележувањето на Меѓународниот ден на жените од руралните средини – 15 октомври.

Проектот Родовата еднаквост – клуч за економски силна рурална заедница е финансиран како под-грант во рамките на проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од Мрежата за Рурален Развоj, а финансиран од We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (СИДА)

 

Видеото што го подготвивме може да го видите ТУКА.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор