Мапирани локалитетите погодни за рурален развој и туризам во Кичевскиот регион
Со последните две посети на изворот на минерална и лековита вода во селото Свињишта каде што неодамна со поддршка на ЛАГ Треска/LAG Treska се реновираше и селската воденица, како и посетата на трите чешми како главно обележје на селото Прострање заврши мапирањето на локалитетите кои што се погодни за рурален развој и туризам
Во следниот период ќе се изработи и мапа на локалитети со погодни можности за развој на локални бизниси, туристички потенцијали кои што овие подрачја ги прават значајни и вредни како за посета, така и за вложување во нивниот долгорочен одржлив развој
Мапирањето на бизнис можностите и локалитетите за рурален развој и туризам во регионот на Илинска-Плакенска планина е дел од активностите предвидени во проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ кој што Рурална Коалиција го спроведува со поддршка на ЦНВП и ПОНТ. Оваа проектна иницијатива е дел од пошироките активности предвидени во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи
Проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ
CNVP FoundationPrespa Ohrid Nature Trust – PONT#ruraltourism
Оваа вест изворно е објавена на сајтот на Рурална коалиција Кичево




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/mk1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/0-02-05-6a49106fa1b0e26564e238f00517702071294e723f8493ed455f8dcb698d1f65_774730386973985d-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/img_0087-768x1024.jpg)

