Untitled Design (8)

Македонија го добива првиот Водич за перименопауза – историски исчекор кон системска грижа за женското здравје

 

Скопје, 13 септември 2025 година – За првпат во Македонија, жените и здравствените професионалци добиваат Водич кој се базирана на медицина заснована на докази кој на јасен и практичен начин дава насоки за препознавање, третман и поддршка во периодот на перименопаузата. Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денеска на XXI Конгрес на Македонското лекарско друштво пред македонската стручна јавност го претставија Првиот национален Водич за перименопауза – резултат на повеќемесечна работа на мултидисциплинарна експертска група.

Перименопаузата е фаза низ која поминува секоја жена, но до денес во Македонија таа не беше препознаена на институционално ниво, ниту пак постоеја стандарди за тоа како да се третираат симптомите или да се обезбеди соодветна поддршка. Со овој Водич, за првпат се воспоставуваат јасни и унифицирани насоки за матичните гинеколози и семејните лекари, со цел жените да добијат навремена и квалитетна грижа.

Во период кога бројот на жени во перименопауза и постменопауза расте – глобално достигнувајќи над 1,2 милијарди – Водичот за перименопауза претставува одговор на сериозните предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како што се зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања, остеопороза, когнитивен пад и други хронични состојби.

„ХЕРА ја иницираше соработката со МАГО затоа што веруваме дека преку медицина базирана на докази и мултидисциплинарен пристап можеме да го подобриме пристапот до грижа за жените во перименопауза. Овој Водич е прв системски чекор во таа насока.“ – изјави Весна Матевска од ХЕРА.

Водичот содржи систематизирани насоки за:

  • рано препознавање и соодветен третман на симптомите,
  • едукација на здравствените работници од примарното и секундарното ниво,
  • подобрување на информираноста и поддршката на пациентките,
  • воспоставување мултидисциплинарен пристап во третманот,
  • унапредување на пристапноста до услуги за сите жени.

„Водичот за перименопауза дава основни насоки да не потсети како здравствени работници и соработници кои се симптоми и болести може да настанот во периодот на перименопаузата. Меѓутоа и да помогне на здравствените работници со сите анекси и прашалници, кои ќе бидат од најголема корсит за пациентките кои доаѓаат на преглед кај своите матични лекари и гинеколози“ – изјави проф. д-р Глигор Тофоски.

Со овој Водич, Македонија воспоставува први јасни стандарди за системска грижа за жените во перименопауза.

На денешниот настан свои изјави дадоа:

  • Проф. д-р Глигор Тофоски – специјалист по гинекологија и акушерство,
  • Проф. д-р Катарина Ставриќ – Претседателка на катедра по семејна медицина,
  • Спец. д-р Борислава Спировска – матичен гинеколог,
  • Весна Матевска – програмска раководителка во ХЕРА.

Контакт за медиуми:
Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО): mkd.mago@gmail.com
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување: hera@hera.org.mk

 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор