Ekologic 2

Локалните семинари за одржлив спорт успешно завршени

Изминатите два дена беа исполнети со инспирација, продуктивни дискусии и важни придонеси за иднината на спортот. Како дел од проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, спортисти, тренери, волонтери и менаџери ги споделија своите идеи за креирање на Sustainable Sport Governance Chart. Клучни теми што ги опфативме Ова беше значаен чекор кон […]

Клучни теми што ги опфативме

  • Одржливост – еколошка, економска и социјална димензија на спортот
  • Добро владеење и етика – како да изградиме транспарентен и одговорен спортски систем
  • Вклучување на заедницата – начини за поддршка и активна улога на сите засегнати страни
  • Идни трендови и предизвици – како спортот може да се прилагоди и напредува

Ова беше значаен чекор кон создавање на Повелбата за одржливо управување со спортот. Со заедничка работа, поставуваме темели за поодржлива иднина на спортот. Следете не за повеќе информации и наредни чекори.

 
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор