[Aggregator] Downloaded image for imported item #42245

ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ВТОРИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

Го одбележавме вториот #зеленпеток со ликовна работилница за млади на возраст од 15 до 29 години, под наслов „Еко перспективи за Прилеп“. Работилницата се одржа во нашата канцеларија и собра креативни млади учесници кои преку уметност ја изразија својата визија за почиста и позелена заедница.

На настанот учествуваа околу триесет млади, секој со своја автентична визија и перспектива за еколошките предизвици во Прилеп. Нивните креативни и иновативни пристапи резултираа со разнообразни уметнички дела што ја отсликуваат нивната чувствителност, еко-свест и желба за позитивни промени во заедницата.

Како инспирација беа користени фотографиите што ги имаме собрано заедно со еко-амбасадорите во рамки на проектните активности. Овие визуелни приказни за природните убавини, но и за еколошките предизвици во Прилеп и околината, им помогнаа на младите да креираат силни, автентични и креативни дела.

Сите изработки од работилницата ќе бидат претставени на предновогодишната коктел-изложба што ќе се одржи во декември, во пресрет на следниот декемвриски #зеленпеток. Веруваме дека изложбата ќе биде одлична можност јавноста да погледне како младите ја гледаат иднината на нашиот град – преку боја, форма и еко-пораки.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

#EUwithYоu, #ЕУсоТебе, #goodgovernance4greenagenda #добровладеењезазеленаагенда #GG4GA

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор