295907863 5448565428557775 2989903886924146819 n

ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД Тетово се дружеа со граѓаните на Струга и Охрид

Здружението ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД Тетово, минатиот викенд поставија штандови на отворено во Струга и Охрид, каде жителите на овие градови и останатите минувачи имаа можност да подигнат промотивни материјали и да се информираат за активностите на организацијата, но и да се запознаат и поразговараат со дел од тимот кој веќе една деценија неуморно работи на унапредување на позицијата на ЛГБТИ луѓето и нивниот пристап до човековите права. Во текот на двата дена беа поделени повеќе од петстотини флаери на македонски, албански, турски и ромски јазик.

Годишниот план за работа на Здружението ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД Тетово, во чии рамки беа реализирани штандовите, е ко-финансиран од Европска Унија и Цивика Мобилитас.

Повеќе за настанот ТУКА.

295907863_5448565428557775_2989903886924146819_n

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор