[Aggregator] Downloaded image for imported item #45440

Координативна средба со претставници на Општина Охрид во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“

image

Во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, спроведуван од Здружение на еколози Натура”- Струга, во партнерство со Извиднички одред Мирко Милевски” – Кичево, поддржан од Швајцарската Влада преку програмата Цивика мобилитас, се одржа работна средба со претставници на Општина Охрид.

Средбата се реализираше со претставници од Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, како и локални чинители активни во областа на животната средина:

  • Јасмина Т.Момироска – раководител на одделение за заштитени подрачја и други заштитени делови од природата
  • Катерина Гушо Трајкоски – советник
  • Суарта Амети – помлад соработнил за зачувување на природни реткоски
  • Вера Рауник – раководител на одделение за управување со отпад
  • Ајфер Ариф советник во општина Охрид
  • Матевски Борис претседател на Зелен Центар Охрид!

🎯 Цел на средбата

За време на средбата беа презентирани целите на проектот, со посебен акцент на:

  • Формирање на Регионален граѓански совет за воздух
  • Вклучување на училиштата, граѓаните и локалните организации во мрежата за мониторинг на воздух

Претставниците на Општина Охрид изразија подготвеност за активна соработка и институционална поддршка во спроведувањето на активностите на територијата на општината.

Оваа средба претставува значаен чекор кон градење одржливо партнерство помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, со цел зголемена транспарентност, користење на отворени податоци и унапредување на локалните политики за чист воздух. 🌿

Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“ има за цел да го подобри управувањето со квалитетот на воздухот преку активно граѓанско учество, пристап до отворени податоци и соработка со општините во Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево.

Што ќе постигнеме?

  • Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за мониторинг и користење на податоци
  • Формирање на Регионален граѓански совет за воздух за редовен дијалог со општините

Клучни активности

  • Инфо-кампања за подигање на јавната свест
  • Организирање обуки и јавни форуми
  • Подготовка на препораки за локални политики за чист воздух
  • Регионална завршна конференција

Очекувани резултати

  • Функционална регионална мрежа со јавно достапни податоци
  • Зајакнати капацитети на граѓаните за активно учество
  • Структуриран и континуиран дијалог меѓу граѓаните и општините
  • Конкретни препораки за политики за чист воздух во најмалку 5 општини

Проектот создава модел на граѓанска наука и партнерство, каде податоците стануваат алатка за транспарентност, одговорност и одржлива зелена иднина за регионот

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите Натура – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica Mobilitas  Embassy of Switzerland in North Macedonia

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • Работилница посветена на здравјето на мајките и децата во Прилеп

    На 02.04.2026 година, во Прилеп реализиравме едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен акцент на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 19 жени – трудници и мајки кои се породиле во изминатите шест месеци. Учесничките добија практични и корисни информации за тоа како да го унапредат…

  • Превенцијата не смее да биде привилегија: Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на здравјето

    По повод Светскиот ден на здравјето, кој годинава се одбележува под мотото „Заедно за здравје – застани зад науката“, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација […]

  • Бараме итна истрага за серијата онлајн напади кон „Слободен печат“

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на повторените координирани ботски напади врз официјалните Инстаграм профили на медиумот „Слободен печат“, од кои последните два се случија во изминатите 48 часа, вклучително и нападот од утринава. Според достапните информации, во рок …

  • ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран

    Државниот завод за статистика ги објави бројките за движењето на цените во март 2026, што е прв месец по почетокот на воениот конвликт меѓу САД/Израел и Иран. Според овие податоци, на месечно ниво, цените пораснале за 0.7%, додека на годишно ниво за 4.9%. Поради зголемените очекувања за динамизирање на порастот на цените предизвикано од наглото […]
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран appeared first on Finance Think.

  • Хуманитарна оперска гала вечер

    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” Оваа вечер беше…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор