ЕПИ

Кон закрепнување од КОВИД-19 засновано на темелните права

Пандемијата на КОВИД-19 ги разоткри недостатоците во почитувањето на основните права на здравје, образование, вработување и социјална заштита. Извештајот за темелните права на ФРА, 2021, го прикажува широкото влијание на пандемијата врз правата и сугерира како најдобро да се решат зголемените нееднаквости и закани за општествената кохезија.

„КОВИД-19 ја тестираше подготвеноста на системите за заштита на темелните права низ цела ЕУ“, вели директорот на ФРА, Мајкл О’Флерти. „Владите треба да воспостават трајни структури за справување со нееднаквоста, расизмот и исклучувањето. Само пристапот заснован на права им овозможува на владите да градат инклузивни општества“.

Извештајот за темелните права на ФРА ги потенцира случувањата и недостатоците на заштитата на темелнитеправа во ЕУ во текот на изминатата година. Поглавјето кое во фокусот го има коронавирусот го разгледува влијанието на пандемијата врз темелните права врз секојдневниот живот на луѓето, особено на ранливите групи како постарите лица, лицата со попреченост, Ромите и мигрантите.

Во иднина, владите треба да се консултираат со националните тела за човекови права за да проценат како нивните мерки за заштита на јавното здравје влијаат врз темелните права. Владите, исто така, треба:

  • да ја зајакнат приспособливоста на образовниот, здравствениот и системот за социјална заштита со цел да ги задоволат потребите на сите;
  • да усвојат дигитални решенија, да го премостат дигиталниот јаз и да се справат со дезинформациите;
  • да обрнат внимание на групите од висок ризик како што се лицатакои се згрижени, притворени или бездомници;
  • да обезбедат фер и еднаков пристап до вакцини.

Другите клучни проблеми кои се издвоија во 2020 се:

  • Расизам– пандемијата ги засили дискриминацијата, делата од омраза и говорот на омраза кон малцинствата, особено кон лицата со мигрантско потекло и Ромите. Истовремено, движењето “Блек лајвс метр” (Black Lives Matter) и првиот Акциски план за анти-расизам на ЕУ мобилизираа напори за справување со расизмот во Европа. Земјите-членки на ЕУ треба да ги засилат напорите за борба сорасизмот преку национални акциски планови, казнување на криминалот од омраза, поддршка на жртвите и справување со дискриминаторската етничко профилирање во полициското работење.
  • Миграција– почитувањето на темелните права на границите останува предизвик во ЕУ. Мигрантите умираа на море, се соочуваа со насилство и одвраќање од копните граници и пренатрупаност во приемните центри. Во линија со предложениот Пакт за миграции и азил на ЕУ, земјите-членки на Унијата треба да спроведат ефективен и независен мониторинг за да се спречат прекршувањата на правата на границите. Тие исто така треба да обезбедат соодветни објекти за приемни центри
  • Права на децата– многу деца страдаа за време на пандемијата, особено тие со економски или социјално ранливо потекло. Образованието на далечина беше тешко без пристап до Интернет или компјутери. Злоупотребата и малтретирањето на децата се зголеми за време на карантините. ЕУ треба да ги поддржи иницијативите во рамки на идната Европска гаранција за деца, насочени кон областите и групите најпогодени од пандемијата. Земјите-членки на ЕУ треба да обезбедат сите деца да имаат еднаков пристап до образование и да бидат заштитени од злоупотреба и малтретирање.

Извештајот ги сумира и анализира главните случувања на полето на темелните права во ЕУ во 2020 година. Истиот содржи предлози за акција што ја покриваат Повелбата за темелните права на ЕУ и нејзината употреба од страна на земјите-членки; еднаквост и недискриминација; расизам и поврзана нетолеранција; инклузија и еднаквост на Ромите; азил; граници и миграција; информатичко општество; приватност и заштита на податоци; права на детето; пристап до правда; и имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Институтот за европска политика заедно со нашите надворешни соработнички и оваа година го изработи извештајот за Северна Македонија.

The post Кон закрепнување од КОВИД-19 засновано на темелните права appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор