Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ?

Рокот за Јавен увид во Избирачкиот список истекува на 14 март, на полноќ. Имајќи предвид дека бројот на лицата кои извршиле увид во Избирачкиот список, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да го искористат барем последниот ден и да пријават проблеми во Избирачкиот список.

Од искуството во претходните изборни процеси, најчести проблеми во Избирачкиот список со кој гласачите се соочуваат се фантомите, разместувањето или исчезнувањето. ЦИВИЛ ги нарече „фантоми“ оние имиња што се појавуваат на одредени адреси, а не живеат таму. Иако ДИК ја уверува јавноста дека нема фантоми во Избирачкиот список, сепак, неколку граѓанки и граѓани пријавија дека фантомите сѐ уште „живеат“ во нивните домови, па дури и дека им се појавиле нови. Во ЦИВИЛ велат дека организацијата е подготвена да оди во лов до последниот „фантом“ и ги повикуваат граѓанките и граѓаните да пријават вакви случаи и на последниот ден од Јавниот увид.

Во изминатите изборни процеси, набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија случаи кога некои гласачи биле преместени од едно на друго избирачко место. Ова е дополнителна причина да се направи увид во Јавниот список, за гласачите да бидат навремено информирани каде точно (на кое избирачко место) гласаат.

Најголемиот проблем, сепак, се случаите кога гласачите, поради грешка или неажурност на институциите или на самите гласачи, исчезнуваат од Избирачкиот список. ЦИВИЛ редовно објавува информации за тоа што граѓанките и граѓаните треба да знаат за Избирачкиот список и секогаш е на располагање да прими поплаки и информации што се однесуваат на проблемите во оваа сфера.

ЦИВИЛ беше и останува на ставот дека државата ИМА ОБВРСКА максимално да го почитува правото на глас во секоја ситуација, без оглед на тоа дали гласачите биле неажурни во комуникација со матичните служби или се работи за грешка на системот. Тоа, со сегашната верзија на Избирачкиот список е невозможно.

Пријавување на изборните нерегуларности

Со оглед дека изборната кампања започнува на 1 април, дел од предизборниот фолклор секогаш се и говорот на омраза, лажните вести, корупцијата, злоупотребата на службената положба, притисоци, закани и уцени.

ЦИВИЛ веќе започна со долгорочниот мониторинг на изборниот процес. Од сопственото изборно искуство, ЦИВИЛ констатитра дека секоја информација во овој период е важна. Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пртигнат: фогорафија, видео, постови на осцијални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка, се добредојдени.

Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано во борбата за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи.

„Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ?“ – кратко изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во пресрет на објавувањето на овој повик на организацијата што ужива голема доверба од огромен број граѓанки и граѓани, независно од нивната политичка афилијација, припадност или потекло.

Пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com), Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје, информираат од ЦИВИЛ.

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор