[aggregator] downloaded image for imported item #39043

Јавен повик за учество во менторска програма на ГРЦ

Дали вашата организација има потреба од поддршка во подобрување на своето работење, градење капацитети и долгорочен развој?

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

grc news photo 2

Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

  • Дигитална трансформација – воведување или подобрување на дигиталните алатки, процеси и комуникации во граѓанската организација
  • Волонтерство – развивање на програма за волонтирање, ангажирање и управување со волонтери
  • Финансиски менаџмент – транспарентност, отчетност и ефективно управување со финансиите на граѓанската организација, буџетирање и финансиско известување
  • Стратешко планирање – дефинирање на долгорочни цели и насоки на делување на граѓанската организација и подготвување на стратешки план
  • Застапување – развој на стратегии за влијание врз јавни политики и промовирање на граѓански иницијативи
  • Erasmus + – Карактеристики и специфики на програмите на Erasmus +
  • Проектен менаџмент – ефективно планирање и спроведување на проекти
  • Добро управување, транспарентност и отчетност на граѓанската организација
  • Видливост и односи со медиуми на граѓанската организација
  • Административно работење на граѓанската организација
  • Анализа на организациски капацитети

Кој може да аплицира?

Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои активно работат на локално, регионално или национално ниво и имаат потреба од поддршка во една или повеќе од наведените области.

Како да аплицирате?

Заинтересираните организации треба да изразат интерес објаснувајќи ги главните предизвици и областите во кои бараат менторска поддршка.

Што добивате?

✅ Индивидуален пристап и менторска поддршка
✅ Конкретни алатки и ресурси за долгорочна примена
✅ Поддршка во применување на наученото во практична употреба

Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата организација и да го подигнете вашето влијание во заедницата!

За дополнителни информации, контактирајте нè на: info@rcgo.mk 

Пријави се на следниов форумулар на ГРЦ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор