Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување)
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман на експерт-ка за изработка на методологија за спроведување на мониторинг на затворени институции.
Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:
- Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.
- Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.
- Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.
Во рамки на проектот се предвидува изработка на сеопфатен прирачник заснован на пристап базиран на човекови права, наменет за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик во затворени институции и други релевантни установи. Прирачникот ќе служи како практичен водич за унапредување на знаењата, вештините и примената на стандардите за заштита и промоција на човековите права.
За таа цел се распишува повик за ангажирање на двајца експерти.
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
- Подготовка на методологија за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово и ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување).
- Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на прирачникот. Преглед на релевантната национална и меѓународна правна рамка, специфични стандарди за заштита на правата на децата.
- Практични насоки за секојдневна работа со деца и ранливи лица.
- Примери, студии на случај и сценарија за практична примена.
- Подготовка на драфт и финална верзија на прирачникот
- Презентација на прирачникот на вработените во институциите
- Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.
Потребни квалификации за двата експерти
- Завршено високо образование. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман, работа со деца и маргинализирани групи граѓани;
- Познавање на стандарди за детска заштита
- Најмалку 3 години искуство во анализа на законска рамка и јавни политики
- Претходно искуство во изработка на прирачници, анализи или методологии;
- Напредно познавање на англискиот јазик и
- Напредни истражувачки и аналитички способности.
Временска рамка и надомест
Eкспертот/ката ќе биде ангажиран/а 10 дена (вкупно 20 дена за двата експерти) во периодот помеѓу март и јуни 2026 година, во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет човекови права.
Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на
- Работна биографија (CV)
- Кратка предлог методологија (не подолга од 1 страна)
- Понудена бруто цена за 10 експертски дена (еден експертски ден се 8 часа)
Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Релевантна биографија и искуство – 40 поени
- Предлог методологија– 40 поени
- Понудена бруто цена – 20 поени
Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: helkom@mhc.org.mk и tona.kareva@mhc.org.mk со назнака „Пријава за експерт/ка за изработка на прирачник“. Рокот за аплицирање е до 20.02.2026 година.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.
The post Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување) appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44645](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/info3-mk-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44685](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/15-768x353.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44687](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/4-768x355.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44632](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/45.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)