Screenshot

Известување за резултати од евалуација на новинарски стории

Мрежата за рурален развој во С. Македонија објавува дека заврши процесот на евалуација и доделување на награда за првопласираната новинарска сторија која се фокусира на концептот на зелена економија и промовира успешен пример на зелени деловни практики.

До предвидениот рок (03-ти декември 2020), на повикот за новинарски натпревар одговорија седум новинари со шест новинарски стории, при што беа опфатени теми поврзани со земјоделство, компостирање, рециклирање, иновативни производи како замена на пластика итн.

При процесот на квалитативна евалуација, Комисијата составена од двајца новинари и експерт за зелена економија, ги оценуваа пристигнатите новинарски продукти според следните критериуми:

– Методологија на истражување (образложен истражувачки концепт, односно тема, извори од кои се прибрани податоците, новинарски алатки што се користени при работата)
– Стил на новинарско пишување
– Релевантноста на темата
– Придржување до новинарските и етичките стандарди (присуство на факти, точност и веродостојност на наводи).

По извршеното бодување на секоја поединечна сторија и сумирање на бодовите од секој оценувач, проектниот тим на МРР на НМ заклучи дека “Од рециклирана хартија до амбалажа за јајца” на новинарката Александра Максимовска e избрана за најдобра сторија.

Новинарката на првонаградената сторија  ќе добие парична награда во бруто износ од 1.500 (илјада и петстотини) евра во денарска противвредност.

Се надеваме дека оваа сторија ќе влијае за создавање други новинарски стории кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест за важноста на зелената економија и зеленото претприемништво. Се заблагодаруваме на сите учесници на натпреварот и ги мотивираме останатите новинари и медиуми да учествуваат со сите следни наши повици.

Повикот за новинарски натпревар се реализира како дел од проектот финансиран од Европската унија „НАГЕ – Вмрежување и застапување за зелена економија“ (Networking and advocacy for green economy) спроведен од 7 партнерски организации од Балканот: Мрежа за рурален развој на Н. Македонија ( Водечки партнер), Хрватска мрежа за рурален развој, Мрежа за рурален развој во Босна и Херцеговина, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија и Албанска мрежа за рурален развој.

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор