ЕПИ

Извештај за фундаменталните права на FRA за 2023 година: Поддршка за луѓето кои бегаат од Украина, справување со зголемената детска сиромаштија и омраза и дигитална заштита

Влијанието на руската воена агресија врз Украина, зголемената детска сиромаштија, широко распространетата омраза и заштитата на правата во време на технолошките промени се само некои од неизбежните прашања за човековите права во Извештајот за фундаменталните права на ФРА за 2023 година. Со фокус на влијанието на агресијата во ЕУ, извештајот ја испитува поддршката и солидарноста што ја даваат владите, локалните власти и општеството. Тој сугерира како земјите од ЕУ можат подобро да обезбедат ефикасна заштита, особено за жените кои избегале од конфликтот и имаат потреба од целна поддршка.

Извештајот за фундаменталните права на ФРА за 2023 година ги одразува случувањата и недостатоците во заштитата на човековите права во ЕУ во 2022 година.

Делот кој се фокусира на војната во Украина  ги опфаќа импликациите за основните права на агресијата во Украина за ЕУ и предизвиците што се појавија. На пример, Директивата на ЕУ за привремена заштита обезбеди  пристап до работа, домување, социјална помош, образование и здравствена заштита. Но, повеќето од оние што пристигнаа се жени и девојчиња и многумина треба да се грижат за децата или постарите роднини. Ова ја нагласува потребата за насочена поддршка како што се:

  • достапно, безбедно и соодветно домување, особено за жени и деца;
  • соодветни работни места кои одговараат на вештините и квалификациите и штитат од експлоатација;
  • интегрирање на децата во обичните училишта и брз пристап до детска грижа;
  • поддршка за жените кои доживеале сексуално насилство и експлоатација.

„Жените и девојчињата се невини жртви од руската агресија врз Украина“ вели директорот на ФРА, Мајкл О‘Флаерти. „Земјите-членки на ЕУ понудија привремена заштита давајќи им ја потребната поддршка да се прилагодат на животот во Европа. Но актуелниот конфликт бара долготрајни решенија, што ќе обратат значително внимание на жените“.

Други зна

Други клучни прашања за фундаменталните права во 2022 година кои се опфатени во извештајот вклучуваат:

  • Раст на детската сиромаштија: Пандемијата и растот на цените на енергијата донесоа многу деца, речиси едно во четири, да бидат во ризик од сиромаштија. ЕУ и националните влади треба да спроведат активности во рамките на Европската детска гаранција што започна во 2022 година и да користат средства за ублажување на детската сиромаштија, особено за сиромашните и ранливите домаќинства, како што се оние во семејствата со еден родител, Ромите и мигрантите.
  • Широко распространета омраза: Криминалот од омраза и говорот на омраза, особено на интернет, останаа проблематични во 2022 година, делумно поттикнати од агресијата на Русија во Украина. Но, само половина од земјите на ЕУ имаа национални акциски планови против расизмот. Затоа, повеќе земји треба да развијат такви планови, како и конкретни локални и регионални мерки за справување со расизмот.
  • Заштита на правата како што се развива технологијата: Ефикасната заштита на основните права со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните сервиси станува се потешка. Законот за дигитални услуги на ЕУ од 2022 година ја препозна потребата за силна заштита на правата што треба да се почитува при неговото спроведување. Законодавците на ЕУ, исто така, треба да обезбедат слични силни заштитни мерки во предложениот Закон за вештачка интелигенција на ЕУ.

Извештајот ги сумира и анализира главните случувања во однос на човековите права во ЕУ во 2022 година. Содржи предлози за акција, кои опфаќаат: Повелба за фундаментални права на ЕУ и нејзината употреба од страна на земјите-членки; еднаквост и недискриминација; расизам и поврзана нетолеранција; инклузија и еднаквост на Ромите; азил, граници и миграција; информатичко општество, приватност и заштита на податоците; детски права; пристап до правда; и спроведување на Конвенцијата за попреченост на ОН (CRPD).

Институтот за европска политика заедно со нашите надворешни соработнички и оваа година го изработи извештајот за Северна Македонија.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор