ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ ОДБОР НА ИНСОК

ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ ОДБОР НА ИНСОК

Врз основа на член 10 и член 14 од Статутот на Асоцијација Иницијатива за социјални промени на ден 16.06.2020 година (петок) во 18 часот е закажана седница на Собранието на организацијата. Седницата на Собранието ќе се одвива по следниов дневен ред: Разгледување и усвојување на наративниот и финансискиот извештај за 2019. Избор на нови членови на Собранието. Избор на нови членови на Управниот одбор. Разно. Кандидати за избор во нови членови на Собранието на организацијата се активисти од невладиниот сектор, односно членови на организации кои долго време соработуваат со ИнСоК, но и вработени во јавната администрација и млади лица кои работат на промовирање на ромското прашање и активно се залагаат за поголема инклузија на ромската заедница во општеството. Кандидатите беа предложени од страна на членовите на актуелниот Управен одбор и Извршната канцеларија и притоа се водеше сметка да има баланс меѓу претставниците на невладините организации, вработени во јавната и државна администрација и млади активисти. При изборот активно ќе се залагаме за почитување на родовата застапеност.   Седницата на Собранието, поради настанатата состојба ќе се одржи електронски.   Состанокот, со дозвола на учесниците, ќе биде снимен и за истиот ќе постои електронски запис кој ќе биде архивиран во архивата на организацијата.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор