Истражување за различните форми на сексуално насилство во Македонија

1383683_315971541875944_936290645_nНационалната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство спроведува истражување за ставовите, убедувањата и искуствата на граѓаните на Р.Македонија во врска со различните форми на сексуалното насилство. Прашалникот содржи 20 прашања за кои ќе ви се потребни не повеќе од 5 минути да одговорите. https://eSurv.org?u=GlasProtivNasilstvo

Продолжи со читање

  • Покана за протест „Стоп на геноцидот. Марш за Палестина“

    Ние сме иницијативата Сите за Палестина и ви пишуваме бидејќи веруваме дека, како организации за човекови права, младински организации, и еколошки организации, со ист интензитет нè погодува геноцидот и екоцидот што веќе две години активно се случува во Газа. Време е, како цивилно општесто и иницијативи, да се кренеме и…

  • Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт

    Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]
    The post Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт first appeared on Metamorphosis.

  • „Септември во знакот на женското здравје и права: Контрацепцијата и безбедниот абортус се суштински дел од правото на семејно планирање“

      Во последната недела од септември, светот ги одбележува два исклучително значајни датуми поврзани со здравјето и правата на жените: 26 септември- Меѓународниот ден на […]

  • Иницијатива за формирање на Националното собрание на млади

    На 25.9.2025 год. во хотел Александар Палас во Скопје се одржа иницијативна средба за формирање на Националното собрание на млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.  На средбата присуствуваа 40 младински организации, претставници на Владата, Министерството за социјална политика, демографија и млади и меѓународни организации. Како…

  • Програма за Текстилијада #9

    📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

  • МЛАДИТЕ УЧЕА КАКО ДА ВРШАТ МОНИТОРИНГ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

    Младите од Општина Карпош, Општина Зелениково и Општина Ѓорче Петров, учеа како да вршат мониторинг на речните корита.

    Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Center for Environmental Democracy – Florozon и Еко Логик.

    Настанот е дел од проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од U.S. Forest Service and Department of Defense EUCOM and Forest Service International Foundation.

    Настанот започна во 09:30 часот со едукативна сесија, по што следеше практична теренска вежба на реката Лепенец. Таму младите учесници и претставници од општините имаа можност директно да ја применат СВАП методологијата (Stream Visual Assessment Protocol) и да научат како се проценува состојбата на едно речно корито. Дополнително, беа идентификувани и жешки точки долж реката Лепенец.

    Целта на овој настан беше да ги запознае младите и претставниците од општините со современи методи за проценка на квалитетот на водните текови, да ги зајакне капацитетите на локалните чинители – институции, граѓански организации и експерти, како и да поттикне поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

    Настанот беше наменет за млади на возраст од 15 до 30 години како и за претсавници од општините од општините Карпош, Зелениково и Ѓорче Петров, кои преку интерактивна едукација и теренска работа стекнаа нови знаења и вештини за мониторинг и заштита на речните корита.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор