Истражување на НВО “Надеж” од М.Каменица: За месечна плата од 500 до 700 евра голем процент од иселениците би се вратиле дома

21.XI.2017 kamenica.mk
Ниските плати во државава, нискиот стандард и (без)перспективноста на младите се главна причина за нивното иселување. За плата од 500 до 700 евра месечно голем процент од нив би се вратиле во Македонија.

Ова го покажа научното истражување во рамки на проектот „Јас сакам да се вратам“ што го реализираа невладините „Надеж“ од М. Каменица, „Амброзија“ од Пехчево и „КХАМ“ од Делчево со поддршка на Цивика мобилитас.

Влатко Ситновски, од НВО „Надеж“ и координатор на проектот истакна дека целта на овој проект во кој биле вклучени и 20 истражувачи од регионот на М Каменица, Делчево и Пехчево, е да се направи едно релевантно научно истражување со цел да се добијат податоци за мерките кои треба да ги преземат општините со цел да се овозможи реинтеграција на иселениците.

– Главна причина за иселувањето се ниските плати и неможноста да најде соодветна работа. Исто така, иселениците истакнаа дека не се доволно запознати со мерките за вработување на АВРМ, истакна Ситновски, во изјава за Каменица.Мк

Тој додаде дека во препораките е посебно потенцирана изработката на стратегии за унапредување на животот на младите, од општините, државните институции и бизнис-секторот е потребно конкретно крирање нови работни места, развој на малите и средни преторијатија, креирање фондови за „стенд ап“ бизниси, подобрување на условите з а работа и достојни месечни приходи.

Истражувањето се спроведе во трите општини М. Каменица, Делчево, Пехчево и каде иселувањето е заеднички именител, но, сликата и потребите на луѓето се разликуваат од една до друга општина, потенцираше Зоран Биковски од НВО „Кхам“.

– Ситуацијата е најкомплицирана во Делчево, бидејќи овде нема некој поголем економски капацитет и нема отворање нови индустриски капацитети. Ние како коалиција ги дадовме нашите предлози до работната група на АВРМ овде да се субвенционира отворањето на работните места со плус 30 отсто. Потенцираме уште еднаш за младите бидејќи токму оваа 2018 година ќе биде активирана младинската гаранција и одвоени ќе бидат дополнителни средства од државата, која доколку биде добро изменаџирана со тимовите на ЛЕР на општините, ќе се создадат услови младите да не размислуваат за заминување од државата туку за подобрување на квалитетот на животот овде, рече Биковски.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор