Go green ivana

Волонтирање на проекти: Искуството на Ивана во Сплит

Здраво GoGreen,

Пред се сакам да ви се заблагодарам за оваа можност на волонтирање во Сплит, најмногу на Вафире, која ми го објасни целиот процес на волонтирање и како од прилика би се одвивало тоа.

Ова е мој втор месец тука, пристигнав на 3 ти Декември 2020год. Пречекот од координаторката Лина и другата волонтерка Софија беше многу гостопримлив.

Првиот мини проект ни беше заедно со Софија, каде што изработивме ЕКО Божиќни декорации, кои сите би можеле да ги направат од секојдневни употребливи материјали и при тоа да не купуват нови украси. Заедно со Софија одлучивме нашите еко Божиќни декорации да ги донираме во Дом за малолетници и дом за деца без родители.

На Facebook страната на огранизацијата SUNCE организиравме мини натпревар каде што им беше дадено на учесниците да направат свој еко Божиќен украс/декорација, сликата да ни ја пратат преку порака и сликата со најмногу лајкови ќе добие Новогодишен еко пакет од SUNCE. Во овој еко пакет го вклучуваме и нашиот втор заеднички мини проект ЕКО Календар кој вклучува Еко совети.

Работењето на овие проекти заедно со Софија ми беше прилично забавно, научивме како е да се работи во тим, како да се слушаат и двете страни, како да се биде на средина и како двете најдобро да придонесеме за тоа што го работиме. Сепак, со Софија се познавам откако почнавме на факултет,па веќе знаевме како функционира секоја од нас во секојдневниот живот. Обврските во домот ги делиме на пола,секогаш со разбирање и почитување.

Престојувањето во Сплит во овие 2 месеци можам да кажам дека ми е екстремно возбудлив и интересен. Со голема помош од Софија го научив Сплит за помалку од 2 месеци и веќе сум многу поопуштена. Исто така се запознавме и со други волонтери од Шпанија, Русија, Киргистан, кои што волонтираат во организации во Сплит и сме во секојдневен контакт со нив, се дружиме.

Вработените во SUNCE се предобри со нас,најмогу ќе ја пофалам Лина бидејќи ни помага да се прилагодиме и секако менторката Карла и директорката Габриела. Задоволна сум од нивна страна премногу.

Имавме On-arrival training кој според мене беше доста интересен и забавен, се запознавме и со други волонтери од Загреб и Армениа,но повеќе би ми се допаднало тоа дружење и учење на нови работи да биде во живо, но за жал со целава ситуација тоа не е возможно.

Можам да кажам дека на почетокот се плашев за тоа како ќе се вклопам и ДАЛИ воопшто би се вклопила,бидејќи ова ми е прво вакво искуство да волонтирам надвор од Макдеонија на толку долг период,но веќе кога сум поопуштена се чувствувам многу поубаво, полабаво, секако не премногу лабаво нели, Youthpass треба да се пишува (мала шала).

Едвај чекам на новите проекти што следуваат, се надевам дека ќе се смири целава ситуација наскоро со короната, бидејќи веќе имам смислено некој вид на работилници кои вклучуваат мали дечиња,се надевам дека ќе бидат успешни.

Голем поздрав од Сплит.
Ивана 😊

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор