[aggregator] downloaded image for imported item #40036

Интерна обука за зајакнување на капацитетите на тимот за обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство

Во рамки на нашите континуирани напори за обезбедување квалитетна и стандардизирана психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство, во периодот 13-15 август 2025, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ се одржа Интерна тридневна обука за нашиот тим.

Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините на професионалците кои секојдневно работат со жртви на родово-базирано и семејно насилство. Преку интерактивен и практичен пристап, беа обработени четири клучни теми:

  • Психосоцијална поддршка на жртви од родово-базирано и семејно насилство. Темата се фокусираше на принципите и методите на обезбедување психосоцијална помош за жени и деца кои поминале низ трауматични искуства. Се дискутираше за пристапите кои овозможуваат изградба на доверба, препознавање на потребите на жртвите и креирање план за долгорочна поддршка.
  • Работа со деца – жртви на семејно насилство. Посебен акцент беше ставен на специфичностите и чувствителноста во работата со деца. Учесниците разгледаа техники за комуникација со најмладите, начини на создавање безбедна средина и алатки за препознавање на траума кај децата. Ваквиот пристап овозможува градење доверба и поддршка на нивниот психо-емоционален развој.
  • Интерсекциски пристап во поддршката на жртви. Обуката нагласи дека жртвите на насилство често се соочуваат со повеќекратни форми на дискриминација – на пример, поради етничка припадност, возраст, социјален статус или попреченост. Интерсекцискиот пристап им помага на професионалците да ги разберат сложените реалности на жртвите и да обезбедат услуга која е инклузивна и прилагодена на индивидуалните потреби.
  • Себегрижа на професионалците кои работат со жртви. Работата со жени и деца жртви на насилство е емотивно и психички исцрпувачка. Затоа, темата за себегрижата беше посебно значајна – учесниците имаа можност да научат техники за справување со стрес, граници во професионалниот ангажман и стратегии за одржување на личната добросостојба. Само професионалци кои се грижат за себе можат да бидат поддршка за другите.

Обуката беше одржана од страна на Елена Чикос, искусен психотерапевт со долгогодишна пракса и експертиза во работа со жени и деца жртви на насилство. Со своето знаење и методолошки пристап, таа овозможи нашите професионалци да стекнат нови алатки и техники за подобра поддршка на корисниците.

*Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“, кој го спроведува Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство II“, финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор