[Aggregator] Downloaded image for imported item #43577

HR и ESG Lab: Родово одговорни семејни политики за одржлив раст

На 29.11.2025 во Виница, тимот на Конект спроведе сесија во рамки на HR викендот, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Дискусиите за ESG рамката и повратот на инвестициите од родово одговорните семејни политики во приватниот сектор привлекоа 29 професионалци за човечки ресурси и бизнис лидери.

Во рамки на сесијата се претставија и можностите на програмата „Проширување на изборот преку политики за усогласување на семејните и работните обврски“, имплементирана од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Здружение Конект, а финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор