Naslovna1

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

Хелсиншки комитет за човекови права со загриженост го следи засилувањето на говорот на омраза во јавниот простор и на социјалните мрежи во периодот пред локалните избори во Република Северна Македонија. Политичките кампањи и јавните настапи мора да се засноваат на идеи, аргументи и почит кон различностите, а не на пораки што поттикнуваат поделби, нетрпеливост или насилство.

Говорот на омраза не е израз на демократско право на слободен говор — тој претставува сериозна закана за човековите права, општествената кохезија и демократскиот процес. Особено е алармантна тенденцијата политички актери и јавни личности да го користат или толерираат овој вид реторика за политичка мобилизација, со што директно се поттикнуваат тензии меѓу различни заедници.

Жените кандидатки за градоначалнички и советнички се соочуваат со сериозни општествени предизвици, меѓу кои најизразен е говорот на омраза и родово базираното насилство во јавниот простор и на социјалните мрежи. Жените кандидатки, многу почесто од мажите, се цел на сексистички и омаловажувачки коментари, навреди и напади врз лична основа, а не врз основа на нивните политички ставови или програми. Ова создава атмосфера на страв и демотивација, која директно ги обесхрабрува жените да се кандидираат и активно да учествуваат во политичкиот живот.

Хелсиншкиот комитетот ги повикува политичките партии и кандидати – да се воздржат од каква било форма на говор на омраза и да промовираат фер и достоинствена изборна кампања, медиумите – да не пренесуваат или нормализираат изјави кои поттикнуваат омраза, туку одговорно да придонесат кон информирана и конструктивна јавна дебата и граѓаните – активно да пријавуваат случаи на говор на омраза и да не учествуваат во неговото ширење.

Изборите не смеат да се претворат во повод за продлабочување на поделбите во општеството. Хелсиншкиот комитет во континуитет го следи и реагира на говорот на омраза, кој претставува еден од главните фактори што водат до злосторства од омраза. Токму затоа сметаме дека јавната осуда е најмалку што може да го сторат политичките структури, а надлежните институции да ја санкционираат оваа појава.

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро го осудува ширењето на говор на омраза и апелира до сите политички и општествени чинители да се спротивстават на овој феномен и да ја поддржат културата на толеранција, дијалог и почитување на различностите. Хелсиншки комитет ќе продолжи внимателно да го следи изборниот процес и јавниот простор, како и да реагира на сите форми на говор на омраза, повици за насилство или дискриминација.

 

 

 

 

 

 

The post Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор