Naslovna

Сведоштво од маргините: 25 години со луѓето што системот ги заборави

Жарир Симрин е едно од препознатливите лица на теренот во ХОПС – човек кој веќе речиси 25 години секојдневно се соочува со реалноста што повеќето ја игнорираат. Неговото искуство е сведоштво за историјата на сцената на луѓе кои употребуваат дроги во Македонија – од урбаните 90-ти до денешната, многу потивка и потешка борба за опстанок и достоинство.


Каква е моменталната состојба со употребата на дроги помеѓу лицата кои ги контактираш на терен. Дали се разликува од порано? Кои дроги се користат најчесто и како се користат?

Порано, сцената беше комплетно поинаква. Луѓето што користеа дроги не беа на маргините како денес. Тоа беа лица од средната или повисоката класа, млади што излегуваа на концерти, патуваат, слушаат добра музика, беа уметници, глумци, тату артисти, графитаџии итн.

Најчесто се користеше хероин и канабис — канабисот беше наш, од Струмица, Радовиш, или доаѓаше од Албанија и Бугарија, а хероинот, особено во 90-тите, беше со чист „квалитет“и доста квалитетен. Други дроги немаше многу — одвреме-навреме некој познаник ќе донесеше ЛСД, некоја таблета или микродот од западните земји, обично од некоја журка или фестивал.

Со хероинската епидемија која го зафати периодот од 1992 до 2000 година, зависноста се рашири. Хероинот стана дел од секојдневието на многумина, а сцената се претвори во нешто сосема друго. Но денес, две и пол децении подоцна, хероинот речиси исчезна. Ретко кој го користи. Луѓето што тогаш беа зависни, сега се воглавно на метадон или не се помеѓу нас, со секоја чест на исклучоците.

Терапија која трае и по дваесет години. Метадон кој треба да помогне, но всушност те врзува уште посилно — не само за супстанцата, туку и за системот, докторот, рецептите, контролните прегледи. Наместо слобода, добивме долгорочна институционализирана зависност. Зборот “Дилер” се замени со зборот ”Доктор”.

Малкумина знаат дека кризата од метадон е многу потешка од онаа од хероин — трае и по триесет па и повеќе дена, со болки, несоница, вознемиреност. Од хероин се „кине “за седум дена, од метадон – речиси никогаш целосно, т.е. со многу поголем напор.

А сцената што ја гледаме денес е драстично поинаква. Повеќето луѓе што користат дроги не се дел од урбаната субкултура што ја паметам. Сега тоа се лица со долготрајна терапија, кои често го инјектираат метадонот што го добиваат на рецепт. Некои го мешаат со дијазепам ампули – комбинација што предизвикува тешки здравствени компликации, тромбози, инфекции, па дури и ампутации.

Во последниве години, се појави и нова лоша навика – пушење кокаин на шише, односно крек. Брз, скап, суров. Со една доза можеш да се почувствуваш непобедлив, а веќе следниот ден – уништен, задолжен, без волја. Тоа е спирала од која малкумина излегуваат.

Она што некогаш беше бунт, експериментирање или потрага по нешто повеќе, денес е претворено во хронична зависност управувана од системот. А системот не лекува – само одржува. И додека така „се одржуваме“, исчезнува цела една генерација која некогаш веруваше дека животот може да биде нешто повеќе од секојдневна доза.


Што се случува со луѓето кои ги контактираш повеќе од 20 год. на терен? Со какви проблеми се соочуваат? Постои ли решение за истите?

Јас со оваа проблематика не сум поврзан само лично, туку и професионално. Веќе 25 години работам како теренски работник и асистент за размена на опрема во ХОПС – Опции за Здрав Живот – Скопје, организација која работи со маринализирани групи на луѓе, лица кои користат дроги, најчесто опијати – метадон и хероин, сексуални работници/чки, итд.

Последниве години работите се многу променети. Клиентите кои ги среќавам на терен веќе се во поодминати години, од 40 до 60 години. Повеќето се со нарушено здравје и во крајно тешка економска состојба. Немаат родители, често се оставени сами на себе. Немал е бројот на оние кои се бездомници или живеат во субстандардни услови – по напуштени куќи, подруми, импровизирани засолништа.

Голем дел од нив се борат со длабока венска тромбоза, отворени рани, декубити и хронични инфекции. Тоа се луѓе на кои им е потребна вистинска медицинска грижа, во болнички услови. Но системот ретко ги гледа како пациенти – почесто ги гледа како проблем.

Дискриминацијата од здравствените институции е огромна. Во болници ги одбиваат, ги понижуваат, не сакаат да им пријдат, ги оставаат да чекаат додека состојбата не стане критична. Законот, пак, дополнително ги гуши – доволно е полицијата само да посочи, а обвинителството ќе најде начин да те осуди. Без докази, без контекст, без разбирање.

Во меѓувреме, дел од тие луѓе инјектираат метадон што го добиваат на рецепт – често во комбинација со дијазепам ампули, што предизвикува тромбози, инфекции и сериозни оштетувања на телото. Други преминуваат на пушење кокаин на шише, односно крек. Брз, скап, суров. Со една доза се чувствуваш како крал, а следниот ден веќе си уништен, задолжен, без надеж.

Денес сцената е распарчена. Го нема заедништвото од 90-тите, ја нема солидарноста, ја нема идејата дека нешто може да се смени. Луѓето се оставени сами со своите шишиња, шприцеви и апчиња. Институциите формално постојат, но суштински – НЕ.

Она што тогаш беше бунт, експериментирање или потрага по нешто повеќе, денес е претворено во хронична зависност, системски управувана. А системот не лекува – само те одржува. И така, тивко и незабележано, ден по ден, исчезнуа една цела генерација, генмерација која што некогаш веруваше дека животот може да биде нешто повеќе од ова што го гледаме и не опкружува, системско труење на се што е природно, во име на прогресот.

Што се случува со програмите за рамена на опрема за инјектирање во Македонија? Нашата земја важеше за пример и според бројот на овие програми и покриеноста на лицата кои инјектираат, но и затоа што како земја бевме пример во регионот за преземање на одговорноста за нивно финансирање по заминувањето на Глобалниот фонд.

Ах, тоа е најболниот дел.
После толку години работа на терен, најтешко е да гледаш како нешто што некогаш беше пример за регионот – полека умира. Во последните 15 години, немавме ниту еден позитивен клиент на ХИВ кој инјектира дроги. Македонија беше препознаена и на меѓународно ниво. ХОПС доби кристална плакета од АИДС Виена, како организација која одржала најниска ХИВ преваленца меѓу лица кои инјектираат дроги во целиот регион. Тоа беше голем успех – не само за нас, туку и за државата. Но кога Глобалниот фонд се повлече од Македонија во 2017 година, државата презеде обврска да ги финансира програмите. Наместо тоа, од година во година само ги кратеа фондовите. Со секој нов министер – нова свита, ново претставување, ново „објаснување“ за програми кои одамна се усвоени и треба да се тераат постојано, ако сакаш успех.

До оваа година, 2025, буџетот ни е намален за 75%. Сите дроп-ин центри се затворени. Повеќе нема место каде луѓето можат да дојдат, да разговараат, да добијат чиста опрема, совети, поддршка. Денес работиме само теренски, со едно возило што кружи низ Скопје. Разнесуваме медицинска опрема и материјали за инјектирање, се обидуваме барем малку да го задржиме достоинството на луѓето што општеството одамна ги избриша.

Иако сцената денес е распарчена, ние остануваме. Не од навика, туку од верба за промена, дека ова не е завршена приказна. Зашто зад секој шприц има човек, а зад секој човек има живот вреден за спасување. И додека институциите го забораваат тоа, ние сме тие што сè уште им тропаме на врата – и нема да се откажеме.

Што мислиш за последните промени во законот со кои поседувањето за лична употреба се казнува парично (административно, а не кривично)? Какви резултати очекуваш од истите?

Најискрено, немам очекувања од системот и законите што се носат само за да им помогнат на оние што ги носат. Пример: „легализацијата“на канабисот — толку нелогична и лицемерна политика. Може да имаш цела плантажа и килограми да поседуваш, но ако имаш џоинт, ќе имаш проблем. Како? Тоа не е политика што ги штити луѓето — тоа е политика што создава конфузија и неправда. Таквите мерки не ги решаваат проблемите; ги прикриваат и ги продлабочуваат.

Кажи две работи што би сакал да ги видиш во Македонија, а се однесуваат на поддршка на луѓето кои употребуваат дроги и програмите за намалување штети?

Декриминализација и да се подобри социо-економската и здравствената заштита. Луѓето треба да имаат поддршка, а не казна. Државата треба да инвестира во образование, превенција, лекување и рехабилитација — никако во апсење и стигматизација, зашто така проблемот се продлабочува.


The post Сведоштво од маргините: 25 години со луѓето што системот ги заборави appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор