[Aggregator] Downloaded image for imported item #51930

Граѓанскиот ресурсен центар ја зајакнува локалната поддршка за граѓанските организации


Со изборот на тројца нови регионални експерти од граѓанското општество, Граѓанскиот ресурсен центар го проширува своето делување и поддршка на локално ниво, поточно во Североисточниот, Југоисточниот и Вардарскиот плански регион.

Во мај 2026 г. Жаклина Цветковска, Столе Георгиев и Ѓорѓи Нанчев ги започнаа своите активности како регионални експерти од граѓанското општество кои ќе функционираат како ресурсни соработници на ГРЦ за поддршка, комуникација и зајакнување на локалните организации. Тие беа избрани на отворениот Повик за избор на регионални експерти од граѓанско општество.

Избраните експерти, како составен дел на Националната платформа на ГРЦ на поддржувачи на граѓанските организации, ќе обезбедуваат ресурси, насоки и поддршка на локално ниво, за подобрување на капацитетите на ГО во соодветните региони и пошироко. Тие ќе поттикнуваат соработка и вмрежување меѓу ГО како и со други засегнати страни и ќе го олеснуваат споделувањето на знаење и најдобри практики меѓу ГО.

Жаклина Цветковска

Жаклина Цветковска е регионален експерт за Североисточниот плански регион.

Таа има над 25 години искуство во граѓанско општество како и над 30 години искуство со новинарство и медиуми. Дополнително, има околу 15 години искуство во спроведување обуки, фацилитирање и менторство во различни области како видливост и односи со јавноста, застапување и креирање политики како и секторите: локален економски развој и родови прашања.

 „Како регионален експерт на ГРЦ  мојата задача е практично  да им помогнам  на граѓанските организации да изградат посилни капацитети и да станат препознатливи во јавноста. Со конкретно менторство и насоки, целта е организациите да станат поефикасни,  поодржливи и значително повидливи  за да можат да го зголемат своето влијание  врз општествените промени“ истакна Жаклина Цветковска при започнувањето на нејзиниот ангажман на локално ниво.

Stole Georgiev

Столе Георгиев е регионален експерт за Југоисточниот плански регион.

Столе има повеќе од 20 години искуство во областа на развој на граѓанското општество, локалниот и руралниот развој, стратешкото планирање и управувањето со проекти. Активно работи на јакнење на локалните капацитети, мобилизација на заедницата и развој на партнерства во Југоисточниот регион. Во текот на својата работа има реализирано бројни обуки, менторски сесии, локални иницијативи и проекти во областа на руралниот развој, заштита на животната средина, енергетска ефикасност, климатските политики и развојот на граѓанското општество.

„Верувам дека силните локални заедници и активните граѓански организации се клучот за одржлив развој, граѓанско учество и создавање подобри услови за живот во Југоисточниот регион“- истакна Столе Георгиев при започнувањето на негиовиот ангажман на локално ниво.

Slika Gjorgji

Ѓорѓи Нанчев е регионален експерт за Вардарски плански регион.

Со повеќе од 20 години искуство во граѓанско општество, со фокус на секторите млади и локален економски развој, тој има особено има искуство во јакнење на други локални организации во секторот млади и воспоставување на младински центри на локално ниво. Има спроведено низа активности за градење капацитети на други организации и млади во областите: прибирање на средства, вмрежување и градење партнерства, организациско јакнење и застапување. Има солидно познавање на локалниот контекст и локалнтие организации во Вардарскиот плански регион и пошироко.

 „Голема чест ми е и задоволство како регионален експерт во ГРЦ да го споделам своето знаење и да допринесам во професионални консултаци и соодветни ресурси за граѓанските организации. Само со јакнење на капацитетите, стабилноста и зголемена активност на ГО може да се дојде до нивната улога во општеството во донесување на промени“ истакна Ѓорѓи Нанчев при започнувањето на неговиот ангажман на локално ниво.

Програмата на ГРЦ за градење на капацитетите на регионалните експерти за квалитетно спроведување на нивните услуги се реализираше онлајн на 4 мај 2026 г, по што беше изготвен и план за нивната работа во 2026 година.

Тие се приклучија на Анита Гаговска и Златко Талевски, регионални експерти за Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои повеќе од година обезбедуваат континуирана поддршка на локалните организации во своите региони и пошироко, придонесувајќи кон нивно зајакнување, вмрежување и развој.

Активностите на регионалните ресурсни соработници на ГРЦ се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Граѓански ресурсен центар

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор