[Aggregator] Downloaded image for imported item #45608

Граѓаните од Неготино и Кавадарци споделија локални проблеми со Локал Актив

Еколошките проблеми, иселувањето на младите и запоставена инфраструктура беа клучните проблеми кои граѓаните од Неготино и Кавадарци ги споделија со Локал Актив на консултативните средби кои се одржаа во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локал Актив“, поддржан од НЕД и спроведуван од Институтот РЕСИС, во партнерство со локалните граѓански организации.

Преку ваквите средби, медиумот на заедницата Локал Актив Вардар овозможува директен дијалог со жителите, локалните иницијативи и новинарите во регионот. Граѓаните на овие средби споделија актуелни, конкретни проблеми со кои се соочуваат нивните заедници. Во Неготино, главните теми на кои се зборуваше беа неконтролирано вадење песок од реката Вардар, диви депонии во околината на Општината, иселувањето на младите, аерозагадувањето и запоставена локална инфраструктура. На средбата во Кавадарци, пак, беше истакната потреба од поголема информираност за можностите на младите да учествуваат со иницијативи и предлози до локалната власт, потреба од поквалитетни медиумски содржини за локалните прашања и решавање на проблемот со уличните кучиња.

Собраните сознанија ќе бидат дополнително обработени и презентирани пред редакцијата на Локал Актив Вардар, составена од локални новинари и граѓански активисти, со цел овие теми да се преточат во истражувачки и аналитички приказни што ќе ја засилат видливоста на проблемите и ќе поттикнат институционални решенија.

Медиумот на заедницата Локал Актив Вардар има за цел да го зајакне граѓанскиот ангажман и учеството во локалното владеење, да поттикне новинарско-граѓански сојузи за застапување на локални проблеми, како и да придонесе кон медиумски плурализам и развивање на комуникациските права на ранливите групи.

Овие средби се дел од поширокиот циклус консултации што ќе продолжат да се реализираат во Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион во текот на 2026 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор