20170706 BCSDN konerencija

Граѓанските организации да ја редефинираат демократијата на 21 век

На 21 јуни 2017 година, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) организираше регионална конференција со наслов „Улогата на граѓанските организации во промовирањето на граѓанскиот простор“. Собирајќи повеќе од 40 претставници на граѓански организации од Македонија, Западен Балкан и Европа, на настанот се фокусираше на дискутирање на начините за промовирање на граѓанскиот простор и на поттикнување на поволно окружување за граѓанското општество.

Како главен говорник, Дананџајан Сивагуру Срискандараџа, генерален секретар на Цивикус, ја отвори дискусијата. Тој ја претстави глобалната перспектива на намалување на граѓанскиот простор, укажувајќи на причините за слабата овозможувачка околина. Исто така, тој го презентираше Цивикус мониторот– првата онлајн алатка која ги споредува граѓанските слободи во глобален размер. Покрај објаснувањето за тоа што граѓанските организации треба да направат и што Цивикус прави по ова прашање, тој потенцираше дека 21 век е времето на граѓанската вклученост и дека граѓанските организации се оние кои треба да ја редефинираат демократијата.

Останатите дискусии беа распоредени во три панел сесии а се однесуваа на размена на добри практики за следење и застапување, подобрување на одговорноста и зголемување на соработката во рамки на секторот.

Накратко, говорниците и учесниците несомнено се согласија дека улогата на демократијата треба да се редефинира. Понатаму, тие потенцираа дека солидарноста помеѓу граѓанските организации и активисти потребно е да се засили на сите нивоа. Исто така, граѓанските организации сметаат дека треба да ја зголемат својата одговорност, како внатешно, така и надворешно.

На самиот крај, присутните учесници и говорници истакнаа дека граѓанскиот простор мора да се реформира за да може да вклучи верски граѓански организации, синдикати, медиуми, бизниси и нови форми на граѓанско општество.

Говорниците ги сочинуваа Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка; Петруш Тоинес, интернационален тим лидер на програмата Цивика мобилитас; Тевфик Башак Ерсен, генерален секретар на ТУСЕВ; Фани Каранфилова- Пановска, извршен директор на Фондацијата Отворено општество- Македонија; Котилда Тавани Коста, програмски директор на Партнери Албанија за промени и развој и други.

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество е корисник на акциски грант од Цивика мобилитас. Повеќе информации околу ова можете да најдете на нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор