Годишна седница на Собранието на Рурална Коалиција

Годишна седница на Собранието на Рурална Коалиција

Демократското управување во една граѓанска организација, меѓудругото значи и континуирано делување на сите нејзини органи, вклучувајќи го и највисокото тело на организацијата, Собранието.
На 30-ти март се одржа редовната годишна седница на Собранието на Рурална Коалиција каде што се верификуваше членството на новите 5 здруженија-членки, па им посакуваме искрено добредојде во коалицијата:
  1. Здружение напредок, поддршка и одржлив развој на жени Apple Tree од Скопје,
  2. Здружение зa културен и земјoделски рaзвoј Егри,
  3. Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn,
  4. Foundation for Local and IT Development- Gevgelija  и
  5. Здружение Радика Де
Членството во Рурална Коалиција всушност значи партнерство во остварувањето на заедничката мисија која што ја имаме сите ние, а тоа е создавање на одржлив локален и рурален развој во кој што родовата еднаквост, човековите права и економскиот развој ќе бидат водечката сила на локалното население кон поквалтетен животен стандард.
Исто така, на Собранието и посакавме добредојде на нашата нова членка на Управниот одбор, Зујца Газепова за која што веруваме дека искрено ќе го подобри управувањето на Коалицијата и ќе го издигне на повисоко ниво делувањето и препознатливоста на Коалицијата како активен чинител во секторот земјоделство и рурален развој.
Беа усвоени Стратегијата за организациски развој на Коалицијата за период 2021-2025, како и Кодексот за добро управување изготвени со поддршката на Balkan Civil Society Development Network и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС во рамките на програмата за #транспарентно и #отчетно работење, како и измените на Статутот кои што овозможуваат гласање и донесување на одлуки по електронски пат, а беше едногласно усвоена и одлуката за основање на социјално претпријатие и додавање на уште една област во работењето на организацијата, а тоа е социјалното претприемништво.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор