Работилница за трансформација на текстилен отпад и стекнување на вештини за преработка на текстил кај специфични категории на граѓани
Во просториите на ЦПЛИП ,,Порака” Штип, повторно креиравме нова креативно-едукативна работилница, во рамките на проектот-“4Р( редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени), поддржан од ФООМ, со цел подигнување на јавната свест во однос на потребите и правата на специфичните категории на граѓани за активно да се вклучат во општеството и да ги уживаат своите човекови права. Тие со својата креативност успешно го трансформираа текстилниот отпад, создадоа креативни творби и предмети со нова употребна вредност и на тој начин директно можат се вклучат на пазарот на труд и да обезбедат егзистенција.







![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41551](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/post-generic-image-1-768x461.jpg)
