ЕПИ презентираше на 46. Претсесија од четвртиот циклус на УПП и одржа застапувачки состаноци со постојани мисии во ООН

ЕПИ минатата недела учествуваше на 46. претсесија од четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед (УПП) во канцелариите на Обединетите нации во Женева, Швајцарија. Нашата истражувачка, Ангела Делевска ја презентираше изјавата на ЕПИ која опфаќа две актуелни прашања, предизвиците и пречките за независноста и плурализмот на националното тело за еднаквост, односно Комисијата за спречување и заштита од дискриминација; и предизвиците и прекршувањето на економските, социјалните и културните права на лицата со попреченост, односно правото на инклузивно образование.

За првата точка таа кажа дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), беше формирана, но се соочува со значајни пречки. Се бори со финансиските ограничувања, има недостаток на независност на човечки ресурси и притисок од политичките партии при изборот на членови, што ја загрозува нејзината независност и ефективност. Во однос на второто прашање, иако е постигнат напредок со донесување закони и концепти за инклузивно образование, имплементацијата заостанува. Клучните прашања вклучуваат недоволен персонал за поддршка, несоодветни одредби за изучување на Брајовото писмо и знаковниот јазик и бариерите за пристапност во образовните установи.

 

Пред сесијата, ЕПИ поднесе заеднички придонес со седум други граѓански организации како дел од шемата за регрантирање на проектот „Заедничка акција за човекови права“. Покрај истражувањето и мониторингот, заедничкиот придонес беше збогатен и со две неформални консултации за националниот извештај со пратеници и граѓански организации, едната организирана од постојаната координаторка и советничка за човекови права на ОН во Северна Македонија, а другата од ЕПИ, во која Учествуваше раководителот на Одделението за човекови права при Министерството за надворешни работи.

Паралелно со презентацијата во ОН, нашите истражувачки Ангела Делевска и Ардита Вејсели одржаа и неколку застапувачки состаноци со претставници на постојаните мисии во ООН на Германија, Белгија, Шведска и Хрватска. Покрај тоа, тие имаа и состанок за застапување со делегацијата на ЕУ во Женева, на официјална покана од делегацијата, на која детално ја презентираа изјавата како и работата на ЕПИ во областите од интерес.

УПП е единствениот меѓународен механизам на Советот за човекови права кој повикува секоја земја-членка на ОН да подлежи на ревизија на своите досиеја за човекови права на секои 4,5 години. Во 2006 година, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуција го формираше Советот за човекови права (СЧП) и му даде мандат да „преземе универзален периодичен преглед, врз основа на објективни и веродостојни информации, за постигнувањата од страна на секоја држава на нејзините обврски за човекови права и обврски на начин кој обезбедува универзалност на покриеност и еднаков третман во однос на сите држави“ каде што „прегледот ќе биде механизам за соработка, заснован на интерактивен дијалог, со целосно вклучување на засегнатата земја. УПП е основан во 2007 година, а првата сесија се одржа во 2008 година. Бидејќи УПП е инклузивен механизам, консултациите со други засегнати страни како што се националните и меѓународните граѓански организации, националните институции за човекови права (НИЧП) и други локални чинители се одржуваат во Претсесии, организирани еден месец пред прегледот на Работната група. Тие нудат можност претставниците на постојаните мисии да соберат целосни и ажурирани информации за краток временски период преку средби со повеќе граѓански организации истовремено.

The post ЕПИ презентираше на 46. Претсесија од четвртиот циклус на УПП и одржа застапувачки состаноци со постојани мисии во ООН appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор