опм

Oрганизација на потрошувачите на Македонија: Дводневна работилница во Општина Кочани

Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден 02 и 03 јуни 2022 година во хотел City In- Кочани, одржа дводневна работилница за Предлог програма за заштита на потрошувачи, со вклучена одржлива потрошувачка и родова перспектива.

На работилницата која се одржа во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, присуствуваа претставници од општина Кочани, претставници од Советот за заштита на потрошувачите на општина Кочани, јавни претпријатија на ниво на општината, инспекциски органи, локални граѓански организации, бизнис секторот, претставници на Советот на потрошувачи на Владата на РСМ и други релевантни институции.

За време на работилницата преку практични вежби беа активираат сите заинтересирани страни на ниво на Општина Кочани, во изготвување на локална Програма за заштита на потрошувачите што би послужила како модел програма за 2022 и 2023 година,со вклучување на одржлива потрошувачка и родовата перспектива. На работилницата како добра пракса, беше споделено искуството на Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија во спрпведување на Програмата за заштита на потрошувачи на Владара на РСМ. Покрај тоа на работилницата беше претставена потребата во програмите да биде воведена енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка, како дел од Зелената агенда на ЕУ.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор