цивил

Државната изборна комисија не може да ја води човек од првите редови на режимот на Груевски

ЦИВИЛ ја алармира јавноста и го потсетува Собранието на Република Северна Македонија дека имаат обврска да носат одлуки со кои се штитат интересите на граѓанките и граѓаните.

Денешната собраниска седница за утврдување на новиот состав на Државната изборна комисија што треба да добие двотретинско мнозинство, на листата за претседател на оваа исклучително важна институција го има предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Даштевски.

Познато е дека Даштевски е поранешен претседател на Комисијата за заштита од дискриминацијата. За време на неговото раководење со оваа институција, Комисијата беше мртва, со исклучок на случаите кога требаше да се одбранат дискриминаторските и криминалните постапки на режимот на Груевски. Даштевски е човек од првите редови на режимот на Груевски.

Меѓу другото, тој беше сведок на одбраната на бегалците Грујовски и Бошковски, поранешни началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, обвинети во предметите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“.

Основниот суд Скопје 1 Скопје во 2018 поведе иницијатива за негово разрешување од претседателското место во Комисијата за заштита од дискриминација поради злоупотреба на службената положба и нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Даштевски е еден од најревносните бранители и поддржувачи на режимот на Груевски, за кого се смета и дека му обезбеди „правен“ простор да избега од земјата.

Без оглед на „аргументот“ дека е поранешен член на ДИК (2006 година), Даштевски е сѐ, само не релевантен и добар предлог за член, а уште помалку за претседател на ДИК. Имајќи предвид дека се започнати сериозни реформи во изборниот систем, а ДИК е една од клучните институции во тој процес, гласањето за Даштевски како претседател на ДИК не претставува ништо друго, туку сигнал дека реформските процеси се осудени на пропаст.

ЦИВИЛ јавно го изнесува ставот дека со избор на луѓе со профил како Даштевски ќе се зададе силен удар врз демократијата, а со тоа и врз процесот на изборните реформи и негативно ќе влијае врз легитимноста на изборните процеси.

Препорака на ЦИВИЛ со години наназад е дека ДИК мора да се реформира, при што ќе се создадат законски решенија за избор на негови членови кои ќе носат законити и легитимни одлуки во спроведувањето на изборните процеси и чија функција ќе биде во насока на максимална заштита на правото на глас, а не заштита на партиските интереси.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Продолжи со читање

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период first appeared on Metamorphosis.

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор