[Aggregator] Downloaded image for imported item #43599

Добротворна модна аукција:Кога модата зборува со срце

Во рамки на кампањата „Денови за донирање“, на 5 ноември во Скопје се одржа добротворна модна аукција. 23 модни дизајнерки и дизајнери, уметници и занаетчии донираа уникатни креации кои беа ставени на добротворна јавна аукција и тивка аукција од кои се собраа донации во износ од над 200.500 денари за донаторскиот фонд на Конект од каде со грантови ќе се поддржат програми на граѓански организации. И годинава фондот продолжи да поддржува активности за заштитата на нашите шуми од пожари, едукацијата на младите, развојот на децата со попреченост со помош на технологија и првата„изнајмувачница“ на помагала за сограѓаните кои се борат со ракот.

Третото издание на добротворната модна аукција „Fashion with a Cause“ беше посветено на славење на креативноста и солидарноста. На специјалното шоу водено од гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески и Ана Зафирова, над 150 присутни, вљубеници во модата и филантропијата се наддаваа донирајќи за мало богатство на дизајни на дизајнерите: Никола Булески, Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Изет Цури, Силвија Михајловска (Алшар), Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, Катерина Тошева, „MilkDesign”(Антонија Гугинска Јорданоска), Терзија (Наталија Терзијоска),“Be.” Присутни беа и нови модни имиња како Радмила Давидовиќ Настев, Снежана Ефкоска  и Ивана Груевска. Со своја донација се придружија и занаетчии и уметници: Марта Поп Антоска („M Art Gallery”), Александра Ристовска („MORPHO”), Марија Таировска („Marcy’s Handmade”), Александар Стојанов-Зорин, ESNAF, „Народни носии” , Љубица Солак, Мирјана Јосифоска и Петар Кајевски.

„Делата претставени овде се повеќе од модни предмети – тие се парчиња македонска модна историја и културен идентитет, кои не само што гордо ги носиме, туку и ги чуваме за да ги подариме на идните генерации. Со донациите тие добиваат двојна вредност“ – истакна Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект. „Ова не е само моден настан — туку повик за добри дела. Во креирањето на каталогот и настанот волонтерски се вклучи цела заедница на креативци што ја воспитува вредноста на филантропска мода.“ – се надоврза Виктор Мирчевски, програмски директор на Конект и дел од креативниот тим што волонтерски работеше на каталогот за аукцијата во чија продукција беа вклучени „Скала“, Студио 1 и Македонската модна асоцијација.

„Денови за донирање“ е национална кампања на Конект што ги инспирира поединците, семејствата, бизнисите и заедниците да се здружат и заедно да донираат на низа начини и настани, како и на www.opop.mk и телефонската линија 143 333 за споменатите иницијативи.

Настанот го организира Здружението Конект од Скопје во соработка со Моден Викенд Скопје и со поддршка од Амбасадата на Франција во Скопје.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор