Денот на граѓанските организации 2020 Рурална Коалиција

Денот на граѓанските организации 2020 – Рурална Коалиција

Рурална Коалиција ги претстави своите активности, но и упати порака за поддршка на локалното производство на храна на Денот на граѓанските организации 2020

 

Знаеме ли дали доматот е овошје или зеленчук? По што ли ни е препознатлива нашата земја кога станува збор за руралниот развој? А кое локално овошје ни го носи називот “чачанска лепотица”? Ова се само дел од прашањата чии што одговори можевте да ги слушнете на штандот на Рурална Коалиција, а во рамките на Денот на граѓанските организации кој што денес се одржува во градскиот парк Школка, во Скопје, а во организација на Civica Mobilitas.

 

Рурална Коалиција е институционален грантист во рамките на програмата на Цивика мобилитас, а оваа година на Денот на граѓанските организации Коалицијата акцентот го става локалното производство и храна со цел да ги поддржиме локалните производители на храна кои што особено беа погодени за време на Ковид пандемијата.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор