Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување!
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка.
Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано во надлежните институции. Доколку се потврди дека институциите имале сознанија, а не презеле соодветни мерки за заштита, бараме со име и презиме да се утврди одговорност кај сите службени лица – од Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции.
Оваа трагедија не е изолиран случај. Само во 2026 година веќе се изгубени четири животи како последица на родово базирано и семејно насилство. Според податоците на Еуростат за 2023 година, Северна Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на фемициди во Европа што е алармантен показател дека системот за заштита не функционира ефикасно.
Пред само еден месец предупредивме дека новата година започна со загрижувачки пораст на случаи на семејно и сексуално насилство врз жени и деца. Ова што го гледаме не се изолирани инциденти ова е образец. Образец на недоволна превенција, задоцнети институционални реакции, слаба проценка на ризик и недоволна заштита на жртвите.. Наместо системот да обезбедува навремена заштита, третман и санкционирање на сторителите, сведочиме на пропусти што ја одржуваат и продлабочуваат културата на неказнивост.
Законите постојат, но нивната примена е недоследна и недоволна. Поради тоа жртвите остануваат без соодветна поддршка и заштита, додека насилниците продолжуваат неказнето да ги загрозуваат нивните животи.
Бараме:
- Целосна и транспарентна истрага за постапувањето на сите институции во случајот во Тафталиџе, вклучително и проверка дали постоеле пријави/сознанија и какви мерки биле (или не биле) преземени;
- Суспензија на сите службени лица вклучени во постапување, се до завршување на истрагата
- Утврдување индивидуална одговорност за секое службено лице кое не постапило согласно законските обврски;
- Соодветни санкции, вклучително и кривична одговорност и затворски казни за службени лица од МВР, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции каде што ќе се утврди дека морале, а не презеле мерки за заштита и/или дека пропустот придонел за фатален исход;
- Најстроги казни за сторителот на насилство;
- Итна ревизија на проценките на ризик и механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, како и на практиките за форензичко постапување и истраги во случаи на сомнителна смрт.
Животот на жените и децата не смее да зависи од тоа дали системот ќе ја препознае опасноста дури откако трагедијата веќе се случила.
Скопје, 03.03.2026
Организации
- Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА
- Хелсиншки комитет за човекови права на Р. Македонија
- Здружение за еднакви можности „Семпер“ – Битола
- Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ –
Радовиш - Младински центар за еднакви можности
- Здружение на граѓани „СУМНАЛ“
- Организација на жени на град Скопје – ОЖС
- Организација на жени на општина Свети Николе
- Кризен центар „Надеж“
- Организација на жени Tурчинки во Македонија – ДЕРЈА
- Женска граѓанска иницијатива – АНТИКО
- Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ – Битола
- Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА – Кавадарци
- Комора на психолози на Република Македонија
- Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди”
- Организација на жени на општина Велес
- ТАКТ – Здружение за унапредување на меѓусебна доверба
- Здружение на психолози, психотерапевти и советувачи „Кортекс“ – Тетово
- Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово
- Македонско здружение на млади правници
- Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ)
- Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп
- Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари
- Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга
The post Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права


![[aggregator] downloaded image for imported item #39879](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/add-a-heading-fotor.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45897](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/delegacija-1536x1024-1-1024x683-1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45899](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/cc3f11e8-db3e-418d-952a-4c5d6b09bd0b-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45901](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/sob3-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45882](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/cover-page-reakcija-768x403.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45559](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled_design1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45421](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/screenshot-53-768x421.png)