[Aggregator] Downloaded image for imported item #45221

Покана за панел дискусија

📅 6 март 2026 година

🕔 17:00 – 18:20 часот

📍 Оаза, Штип

Настанот се организира по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената и има за цел да отвори простор за дијалог околу предизвиците со кои се соочуваат жените на работното место, како и споделување на позитивни искуства и практики во синдикалното организирање.

Во рамки на програмата предвидена е панел-дискусија модерирана од Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“, со осврт на теми како родово-базирана дискриминација, јаз во платите и условите за работа, како и отворена дискусија со публиката, по што следува коктел.

  • Пристигнување на учесници
  • Кратко кафе-дружење
  • Поздравен говор од организаторот
  • Претставување на целите на дискусијата и очекување
  • Краток осврт по повод 8 Март – Меѓународен ден на жената

Теми за отворање: раскажување на позитивни приказни од 3 учеснички: Винка Правулова, Димитринка Динова, Кате Ордева.

Опфатени теми:

  • Родово-базирана дискриминација
  • Јаз во платите
  • Прашања и коментари
  • Споделување лични искуства од публика
  • Предлози за подобрување на состојбата
  • Коктел и неформално вмрежување

Панел дискусијата е дел од проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор