[Aggregator] Downloaded image for imported item #50250

Повик за пријава за врснички едукатори 2026: „ги знам своите работнички права ја знам својата моќ“

Повик за учество на обука за врснички едукатори/едукаторки на теми од Законот за работни односи, дискриминација, вознемирување на работното место и меѓуврсничко насилсто

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за средношколци за учество на работилница за 15 врснички едукатори/едукаторки на теми поврзани  со Законот за работни односи, дискриминација, вознемирување на работното место, меѓуврсничко насилство и друго, кои подоцна ќе едуцираат над 150 млади од Источен регион во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Olof Palme International Center и Шведска.

Дел 1: Пријавување и селекција (март 2026);

Дел 2: Обукa за селектираните врснички едукатори од средните училишта од наведените градови (еднодневна во Штип во април 2026);

Дел 3: Врснички едукации од страна на обучените едукатори во нивните матични училишта, во периодот од 15 април до 30 мај 2026 година.

Ги повикуваме да се пријават сите заинтересирани средношколци од општините од источниот и вардарскиот регион (Штип, Кочани, Виница, Радовиш, Свети Николе) најдоцна до 15 март 2026 година, кои ги исполнуваат следните критериуми:

·  Да се средношколци во општините во наведените градови во тековната (2025/26) и во наредната (2026/27);

·  Да се мотивирани и амбициозни да водат врснички работилници со средношколци во нивните училишта.

За работилницата ќе бидат селектирани најмалку по двајца ученици од секое училиште во општините наведени во повикот.

Пријавувањето се врши со пополнување на следниов линк: https://forms.gle/b6gCn3dNws5GBBCJ8

Трошоците од самата обука ќе бидат покриени од страна на Гласен Текстилец.

Повеќе информации можете да добиете на електронската адреса: info@glasentekstilec.mk  или телефонски на 075 316 108, секој работен ден од 12 до 14 часот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор