Работилница 1

ЦИВИЛ во потрага по граѓански новинари

Работилница 1Цивил – Центар за слобода, успешно ги заврши обуките за граѓански новинари во рамки на проектот „Граѓански објектив“. Во период од два месеца се одржаа четири регионални семинари во Скопје, Битола, Струмица и Велес, каде се одржа и завршниот, петти семинар на кои учесници и учеснички беа сите заинтерсирани граѓанки и граѓани кои немале можност да учествуваат на претходните семинари.

Обуката имаше за цел да им пренесе основни познавања од видео-активизмот, набљудувањето и известувањето, преку едукативни модули за истражување и активизам. Преку предавањата, работилниците и практичната вежба, учесниците на семинарот, се стекнаа со знаења и вештини за долгорочно набљудување на изборите и на човековите права и слободи. Врвни професионалци, со големо искуство и меѓународно реноме, како предавачи ги споделуваа своите искуства со учесниците, низ живи дискусии.

Работилница

Предавачите на семинарите беа, покрај тимот на обучувачи на ЦИВИЛ , фоторепортерите Ѓорѓи Личовски, Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски, Томислав Георгиев и Боро Грдановски, како и новинарите, активистите и експерти Уранија Пировска, Сашо Орданоски, Златко Ориѓански, Сузана Мицова, Мартин Кочовски, Перо Арсовски, Томислав Кежаровски, отец Дуле Груевски, Синоличка Трпков, Ѓорѓи Калајџиев и Петрит Сарачини.

Следен чекор се месечните натпреварувачки цикулуси за најуспешните видео снимки, фотографии и текстови за сите видови закани, уцени, политчка корупција, поткуп на гласачкото тело, кршење на гласачкото право, злоупотреба на јавните ресурси и администрација.

Златко Ориѓански

Секој месец, петте најуспешни трудови ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е 110 долари.

Првите награди ќе бидат доделени на почетокот на февруари 2016 година. Рокот за пријавување на трудовите е до 20 јануари.

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во нашиот проект.

Освен како дел од стратегијата за организациски развој на ЦИВИЛ за постигнување на својата визија и мисија, проектот „Граѓански објектив“ е поддржан и од National Endowment for Democracy.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор