[Aggregator] Downloaded image for imported item #42643

Човековите права се наша секојдневна неопходност

Хелсиншкиот комитет за човекови права се приклучува кон глобалните заложби по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, кој годинава се одбележува под мотото „Наша секојдневна неопходност“. Темата  нагласува дека човековите права се фундаментални, позитивни и достижни аспекти од секојдневниот живот – како што се домот, храната и мирот – со цел луѓето повторно да се поврзат со нивните основни принципи во време на глобални предизвици.

На денешен ден во 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човековите права, документ што во изминатите 77 години стана темел на современиот систем за заштита и унапредување на човековите права, со посебен фокус на ранливите и маргинализирани групи. Сепак, глобалните кризи како војната во Украина, хуманитарната катастрофа во Палестина, бројните вооружени конфликти ширум светот,  глобалното засилувањето на антидемократските идеологии  дополнително го отежнуваат остварувањето на основните човекови права. Најсилно се погодени оние кои веќе живеат на општествените маргини: сиромашните, ранливите и дискриминираните заедници.

Во Северна Македонија, овие глобални предизвици добиваат и домашни, уште понагласени облици. Долгогодишната структурна дискриминација останува сериозен проблем и најизразено ги погодува ромската заедница, лицата со попреченост, ЛГБТИ луѓето, жените, лицата сместени во затворени институции.

Истовремено, сведочиме дека антиродовите движења директно се спротивставуваат на основните вредности на човековите права и го поттикнуваат ширењето на поделби во општеството. Политичката нестабилност, пак, ги пренасочува институционалните ресурси од клучните области како што се човековите права, родовата еднаквост и социјалната правда.

Особено загрижува фактот што институциите сè уште не постапуваат ефикасно во случаите на говор на омраза, а кривичните дела сторени од омраза врз маргинализираните заедници често остануваат целосно игнорирани. Ова дополнително ја продлабочува општествената поларизација и создава средина во која исчезнува разликата меѓу вистината и дезинформациите, со тешки последици по солидарноста и културата на јавна комуникација.

Хелсиншкиот комитет за човекови права повикува на засилени институционални мерки против дискриминацијата, активно спречување и санкционирање на говорот и делата од омраза, заштита на демократските стандарди и основните слободи и вложување во политики што создаваат инклузивно и солидарно општество.

Во време на сè поголеми кризи и неизвесност, денешниот ден нè потсетува на заедничката обврска – да не отстапуваме од визијата за подобар, поправеден и похуман свет. Човековите права, достоинството и еднаквоста мора да останат темел врз кој се гради секоја демократска и стабилна држава.

 

The post Човековите права се наша секојдневна неопходност appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор