[Aggregator] Downloaded image for imported item #42640

Коруптивниот притисок расте, а отпорот на граѓаните слабее

Последното истражување за проценка на корупцијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) потврди дека корупцијата останува еден од најсериозните општествени предизвици во Северна Македонија. Новите податоци укажуваат на влошување на состојбите.

magazin

Желбата за брзо лично богатење на оние на власт, неефикасното судство, слабиот административен надзор, непочитувањето на законите и недоволната заштита на пријавувачите се најчестите причини за распространетоста на корупцијата кои ги наведуваат граѓаните. Овие ставови потврдуваат дека корупцијата се доживува како системски, а не како поединечен проблем.

Во 2025 година, 36,7% од граѓаните биле изложени на коруптивен притисок, а 30,6% биле вклучени во корупција, што претставува пораст од над пет процентни поени во споредба со 2023 година. Проекциите покажуваат дека речиси 536 илјади полнолетни граѓани барем еднаш биле соочени со барање за поткуп, а повеќе од 448 илјади граѓани дале поткуп барем еднаш изминатата година, што укажува на широка распространетост на административната корупција. Од друга страна, корупцијата и понатаму останува неказнива – во 2024 година само 73 лица биле осудени за злоупотреба на службена положба или поткуп, што претставува стапка на институционална ефикасност од 0,016% во однос на претпоставените случаи на корупција.

Прифатливоста на корупцијата е во пораст. Иако мнозинство од испитаниците (53,7%) не прифаќаат никаква форма на коруптивно однесување, сепак за 46,3% таа е прифатлива. Ова е значителен пад во споредба со 2023 година, кога две третини од населението изјавиле дека корупцијата е неприфатлива. Проекциите покажуваат дека за 677.763 полнолетни граѓани во Северна Македонија корупцијата е прифатлив начин на однесување. Во споредба со претходните истражувања, овој број е значително зголемен, што претставува сериозен проблем за развојот на антикорупциските политики, бидејќи коруптивното однесување лесно може да биде злоупотребено од политички или бизнис-фактори.

И подложноста на корупција е на највисоко ниво во последната деценија. Во 2025 година 45% од граѓаните се подложни на корупција, односно се подготвени да прифатат или дадат поткуп во одредени околности, додека само 26% не се подложни под никакви услови. Останатите 29% имаат мешан став. Проекцијата врз полнолетната популација укажува дека 515.471 граѓанин не е подложен на корупција, додека 660.180 граѓани би платиле доколку нема друг начин да го решат проблемот.

Песимизмот кај јавноста е висок. Во 2025 година, 78,9% од граѓаните очекуваат дека коруптивниот притисок ќе продолжи и во иднина, што покажува дека граѓаните не гледаат значаен простор за подобрување во блиска перспектива. Во поглед на ефикасноста на антикорупциските политики, 66,6% сметаат дека корупцијата не може значително да се намали, а само 33,2% веруваат дека може да биде намалена или искоренета. Ваквиот песимизам можеби претставува опасност за поттикнување повисоки стапки на прифатливост и вклученост во корупција.

Перцепциите за корупцијата и понатаму се високи. Дури 69% од граѓаните сметаат дека повеќето или речиси сите службеници се корумпирани, што е мало подобрување во однос на 2023 година, но сè уште укажува на широко распространето чувство на недоверба. Судиите (78,6%), јавните обвинители (74,6%) и полициските службеници (69,8%) се професиите со највисока перцепција на корумпираност. Истовремено, перцепцијата за корупција во институциите покажува промена на фокусот. Судството (73,1%), обвинителството (64,1%) и царината (64,0%) остануваат на врвот, додека забележливо е намалување на негативната перцепција за Владата (од 75,6% на 50,8%) и Собранието (од 74,9% на 48,2%), што може да се толкува како сигнал за намалување на општиот политички песимизам меѓу граѓаните.

Министерството за внатрешни работи и Владата уживаат најголема доверба како институции за справување со корупцијата. Во 2025 година, МВР добива најголема доверба меѓу граѓаните како институција што може успешно да се справува со корупцијата (50,3% целосна или делумна доверба), а веднаш зад него е Владата со 47,4% доверба, што претставува значителен пораст во однос на 2023 година. Судовите (86,3% недоверба) и јавното обвинителство (77,3%) и понатаму се сметаат за најнеефикасни и најнедоверливи институции во справувањето со корупцијата.

Во останатите тематски делови, извештајот укажува на низа системски ограничувања. Иако законската рамка се подобрува, нејзината примена е ограничена. Процените на ризици од корупција често се формални, без јасна врска меѓу идентификуваните ризици и преземените мерки. Во економската сфера, извештајот укажува на продолжени коруптивни ризици во јавните набавки, каде конкуренцијата е ограничена, а критериумот „економски најповолна понуда“ се применува многу ретко. Кај стратешките инвестиции, недостигот од детални информации за доделувањето договори и нецелосното усогласување на законите за концесии и јавно-приватни партнерства со европските стандарди претставуваат значаен ризик за нетранспарентност. Граѓанскиот сектор продолжува да игра важна улога во мониторингот, известувањето и застапувањето, но се соочува со намалена донаторска поддршка и ограничени институционални ресурси, што го отежнува континуитетот на активностите.

Истражувањето е спроведено врз основа на Системот за следење на корупцијата (ССК), кој ги комбинира податоците од национална анкета и други квантитативни и квалитативни извори. Националната анкета е спроведена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, од М-Проспект во периодот помеѓу 4 и 25 јуни 2025 година.
Податоците од истражувањто се презенитрани во Извештајот за процена на корупцијата во Севена Македонија 2025. Ова е седми извештај подготвен од МЦМС врз оваа методологија. Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, поддржан од Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Граѓанска платформа за заштита на младите жени од сајбер (онлајн) насилство

    Сајбер насилството не исчезнува кога ќе го исклучиш компјутерот – стравот оди со тебе дома. Ќе бидеш дел од толпата или дел од заштитата? Прекини го синџирот! Не кликај шер. Не испраќај на „само уште еден“. Не ја прави туѓата болка забава. Наместо да осудуваш, направи го вистинскиот чекор и прашај: „Дали си добро?“. Една […]

  • Документ за јавни политики: Анализа на националното законодавство во однос на европските стандарди за заштита од дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство претставува сè поизразена манифестација на насилството врз жените и девојчињата, која се врши или засилува преку употреба на информатичко-комуникациски технологии. Иако не станува збор за нов вид на насилство, дигиталната средина овозможува поинаква динамика, поголема изложеност на жртвите и подолготрајни последици, што наметнува потреба од прилагоден правен…

  • Документ за јавни политики: Анализа на постапувањето на институциите, со фокус на центрите за социјална заштита во случаи на дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство бара брз, стручен и сензитивен одговор од страна на институциите. Како тие постапуваат во пракса и кои се клучните предизвици со кои се соочуваат? Во рамки на проектот „Младите жени против онлајн насилство“, имплементиран од Иницијатива за европска перспектива и Заеднички вредности, го објавуваме вториот „Документ за…

  • ПРИРАЧНИК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИГИТАЛНО РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

    Зад секој екран, во секоја приватна порака или групен чет, може да се крие тишина исполнета со страв, срам и болка. Дигиталното родово базирано насилство не е само „онлајн проблем“ – тоа е реалност што ја погодува секоја четврта млада жена во Македонија, а само 5% од нив имаат храброст…

  • КАКО КУЈНСКИОТ ОТПАД СТАНУВА ПРИРОДЕН РЕСУРС: РЕЦ, ЕКО ЛОГИК И ФЛОРОЗОН НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС 2026

    Изминатава сабота, на 3-ти октомври 2026 година, градскиот парк пулсираше во знакот на граѓанскиот активизам. Како дел од овогодинешниот Фестивал на Цивика мобилитас, познат како „Ден на граѓанските организации“, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со луѓето кои се двигатели на позитивни промени во нашето општество.
    Меѓу бројните штандови, посебен интерес предизвика заедничкиот простор на Центарот за ресурси во животна средина РЕЦ, Еко Логик и Флорозон каде што беа изложени производите од учениците кои ги добија од отпад во натпреварот за зелени бизнис идеи. Овие три организации се здружија со јасна мисија – да покажат дека еколошката иднина зависи од секој од нас.
    Интерактивна работилница: Од кујнски отпад до вреден ресурс 
    Главната атракција на нивниот штанд беше интерактивната работилница за преработка и реупотреба на био-отпад. Наместо само да зборуваат за теории, експертите ги вклучија посетителите во реални експерименти за добивање на пектин и био дизел.
    „Дали знаевте дека она што секојдневно го фрламе во кујната може да стане вреден ресурс за природата?“ – беше главното прашање кое ги поттикна присутните на размислување.
    Преку практични примери, граѓаните од сите генерации научија едноставни, но ефикасни начини како драстично да го намалат отпадот во сопствените домови и како органските остатоци да ги претворат во нешто корисно за почвата и растенијата.
     
    Граѓански активизам за циркуларна економија
    Оваа успешна едукативна активност е дел од пошироката рамка на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Главната цел на проектот е менување на навиките и воведување на одржливи еколошки практики во секојдневието.
    Оваа важна иницијатива е финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку програмата на Цивика мобилитас.
    Фестивалот уште еднаш докажа дека кога граѓанскиот сектор и граѓаните ќе се сретнат на едно место, се раѓаат најдобрите идеи за зелено и одржливо утре.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор