Deo

ЧЕТВРТА ОБУКА ЗА МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Од 13 до 15 октомври 2023 г. здруженијата Форум-Центар за стратешки истражувања и документација, Центар за европски развој и интеграција и Импетус во Велес ја реализираа четвртата обука за младински активизам против корупцијата. На обуката учествуваа дваесетина млади луѓе, кои во текот на трите дена се здобија со знаења и вештини за организирање локални иницијативи кои ќе го имаат фокусот на борба против корупцијата.

Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со успешни пракси за спроведување локални иницијативи за борба и заштита од корупцијата, презентирани од искусни истражувачи и активисти. Истовремено, преку конкретни вежби, можеа низ групна работа да практикуваат анализирање податоци поврзани со општинските политики, да се подготвуваат за иницирање и спроведување граѓански акции во своите локални заедници и да разберат поконкретнио што значи да се биде активен граѓанин.

Во изминатите месеци се одржаа уште три слични обуки со вкупно 60 учесници, кои по обуките иницираа и спроведоа локални акции, со поддршка на трите организации кои го спроведуваат проектот „Младински активизам против корупцијата“ – Форум ЦСИД, Импетус и ЦЕРИ.

Како практична примена на знаењето стекнато на обуките, дел од учесниците од Битола направија истражување и организираа јавна расправа за изградбата на регионалната депонија за Југозападен и Пелагониски регион, како тема од особен јавен интерес која досега не беше значително обработена и дискутирана пред пошироката јавност, а со цел лоцирање на потенцијални ризици од корупција во изградбата на регионалната депонија како и ризици по ионака загадената животна средина во Новаци.

Во Гостивар, учесниците на обуката за младински активизам против корупцијата организираа работилница „Промоција на правото за остварување на слободен пристап до информации од јавен карактер како алатка против корупцијата помеѓу младите“, на која учесниците се запознаа со деталната процедура за поднесување барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, а претставници на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ја презентираа нивната работа за остварување на правото на слободен пристап до ИЈК.

Во Штип беа организирани изложба и работилници кои имаа за цел подигнување на свеста помеѓу младите за значењето на поимот и застапеноста на корупцијата, како и ефективни антикорупциски мерки кај младите, а во Македонски Брод беше организирана кампања за подигнување на свеста кај локалното население за последиците од живеењето во корумпирано општество со наслов: „Велам НЕ на корупцијата во мојата заедница“ и беше изработен мурал на ѕид во непосредна близина на општинската зграда со порака за борба против корупцијата.

Проектот „Младински активизам против корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор