ЦЕА Студија: ОТВОРЕН БАЛКАН И АДМИНИСТРАТИВНИОТ ЈАЗ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Тимот на експерти, водени од ЦЕА во рамките на Проектот Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан подготви студија во рамки на ЗАДАЧА 3  со наоди за: Административниот јаз за договорот за слободен пристап до пазарот на труд

 

Суштината на ЗАДАЧАТА 3 е да се направи проверка на фактите за главните иницијативи со потенцијалите на администрацијата за администрирање на иницијативите, да се подготват препораки со список на потенцијални законски измени.

 

Во овој документ е прикажано резиме на извештаите од шесте држави откако алатката за стратешка проценка за административниот јаз беше применета на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во ЗБ (доколку овој Договор  стапи на сила, неговата примена ќе започне на датумот на влегување во сила на Договорот за меѓусебно поврзување на шеми за електронска идентификација на граѓаните на ЗБ) . Меѓутоа, со оглед на неговата важност и со цел работната сила да има придобивка од слободниот пристап во ЗБ и слободно да учествува на пазарот на трудот, при спроведување на нашата проценка на административниот јаз, до одредена мера истовремено работевме и на:

  • Договор за соработка во ЗБ во областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни установи и други овластени институции
  • Договор за меѓусебно поврзување на шеми за електронска идентификација на граѓаните на ЗБ и
  • Меморандум за разбирање за соработка на даночните управи во ЗБ .

МК: СТРАТЕШКА ОЦЕНКА НА СЕГАШНАТА СОСТОЈБА, КАКО СЕ ПЛАНИРА СО ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН И УТВРДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ ЈАЗ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛОВИ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН  

The post ЦЕА Студија: ОТВОРЕН БАЛКАН И АДМИНИСТРАТИВНИОТ ЈАЗ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор