ФРЛЗ штип

Барање за доставување на понуди за дизајн и печатење на промотивни материјали

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за дизајн и печатење на промотивен материјал за проектот „Заедници инклузивни за млади финансиран од Европската Унија, врз основа на Договорот за грант со референтен број IPA/2021/430-552.

1) Понудата треба да биде составена во следниот формат со потпис и печат (Форматот во прилог):

Ред. Бр. No.Опис на производ/ услуга Description of the product/ serviceКоличина QuantityЕдинечна цена со ДДВ Unit price with VATЕдинечна цена без ДДВ Unit price without VATВкупна цена со ДДВ Total price without VATВкупна цена без ДДВ Total price without VAT
Печатење мониторинг извештај кој ќе има најмалку 40 страни, а најмногу 50 страни,  двострано печатење во боја full color, А5 формат, корица 250 гр. хартија кундздрук, внатрешност 90 гр. хартија кундздрук (македонски јазик)110
Печатење мониторинг извештај кој ќе има најмалку 40 страни, а најмногу 50 страни,  двострано печатење во боја full color, А5 формат, корица 250 гр. хартија кундздрук, внатрешност 90 гр. хартија кундздрук (албански јазик)70
Печатење мониторинг извештај кој ќе има најмалку 40 страни, а најмногу 50 страни,  двострано печатење во боја full color, А5 формат, корица 250 гр. хартија кундздрук, внатрешност 90 гр. хартија кундздрук (англиски јазик)30

* Забелешка: Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

2) Во прилог на понудата треба да се достави и следната придружна документација:

Цените во понудата треба да бидат изразени во денари.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, за назнака „Верно на оргиналот“.

Понудата се доставува во затворен коверт, по пошта, или на рака во архивата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, на ул. „Страшо Пинџур“ бр.66/1, 2000 Штип, или на е-пошта ngirova@frlz.org.mk

На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф.бр. IPA/2021/430-552

и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од од одговорното лице.

Доставените понуди треба да се со валидност од 60 календарски денови.

Понудата треба да се достави во рок од пет (5) дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 02.06.2023 година, до 16:00 часот.

Со почит,

Невенека Лонгурова Гирова

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор